Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во сирискиот регион Африн, кој е под контрола на Курдите, денеска започнала воена операција откако турската армија извршти трансгранично гранатирање.
Турците погодиле засолништа кои ги користат трите екстремистички групи – Курдска работничка партија, Партија за демократско единство и Единиците за народна заштита, откако екстремистите стрелале врз турси позиции.
– Постепено ќе го уништиме терористичкиот коридор, како што направивме при операциите во Џарабулус и Ел-Баб, почнувајќи од западната страна. Операцијата во Африн практично почна на терен. Следен е Манбиџ, посочи Ердоган.
Тој повеќе пати досега најавуваше дека ќе ја порази сириската курдска милиција во Африн, која според Анкара е безбедносна закана за Турција.