Потпретседателот на САД Мајк Пенс денеска, за време на посетата на Израел, изјави дека новата амбасада на САД во Ерусалим ќе биде отворена кон крајот на 2019 година.
Изјавата на Пенс следи откако претседателот Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел минатиот месец, потег што ја промени децениската американска политика и меѓународниот консензус за статусот на Светиот град.
Меѓународниот консензус, претходно поддржан од САД, е дека статусот на градот може да се одреди само преку преговори меѓу Израелците и Палестинците.
Трамп изјави дека преселбата на амбасадата во Ерусалим од Тел Авив не треба да ги попречува мировните разговори и дека работи на “чин на векот” што ќе го реши конфликтот.
Исто така, се закани дека ќе ја затвори канцеларија на Палестинската ослободителна организација во Вашингтон и ги намали американските донации за агенцијата на Обединетите нации која обезбедува услуги за палестинските бегалци.
Пенс е највисокиот американски претставник кој е во официјална посета на Израел, од објавувањето на оваа одлука на Трамп.