Најмалку 33 луѓе загинаа и десетици беа ранети во двоен напад со автомобили бомби во либискиот град Бенгази.
Првата експлозија се случила пред џамија во квартот Ал Саламани во момент на вечерна молитва. Петнаесетина минути подоцна кога на местото пристигнале полицајци и лекари, била активирана втора посилна бомба поставена во автомобил паркиран на улица.
Втората експлозија причинила повеќе жртви. Меѓу жртвите се и полицајци и цивили. Дел од ранетите се во критична состојба. Засега никој не презеде одговорност за нападите.