Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе достави амандмани за забелешките на претседателот Ѓорге Иванов за Законот за употреба на јазиците.
Од партија информираа дека се уште немаат прецизирано за колку амандмани се работи, но тие ќе бидат доставени за третото читање на Законот во Собранието.
Седницата за третото читање е закажана за в понеделник 29 јануари, каде ќе се разгледаат предложените амандмани.
Законот за употреба на јазиците беше донесен на 11 јануари со 69 гласови, но неколку денови подоцна Претседателот соопшти дека нема да го потпише бидејќи според него, овој закон е спротивен на Уставот на земјата и го нарушува унитарниот карактер на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ исто така тврди дека Законот за јазиците е противуставен и најавуваат дека доколку истиот не биде променет, ќе го оспорат пред Уставниот суд.