Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тарифа: Судење за нелегалната набавка софтвер во ЕЛЕМ

0
By Нова ТВ on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 26, 2018 08:17

Во Кривичниот суд денеска е закажано судење за предметот на СЈО „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Обвинителите на СЈО на минатото рочиште во Судот рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите пак се изјаснија дека не се виновни.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Бошковски беше на чело на ЕЛЕМ од октомври 2012 година. Тој дојде на местото на Влатко Чинковски откако надзорниот одбор ја прифати неговата оставка. Набавката, според Бошковски, била потпишана пред да ја преземе функцијата.

Обвинението на СЈО, пак, го товари Бошковски и уште две лица, за злоупотреба на службената положба затоа што му овозможиле на конзорциум да се квалификува во втората фаза од тендерската постапка иако немал комплетна документација.

Софтверот, кој е предмет на обвинението и кој чинел четири милиони евра, се уште не е имплементиран.

Во декември лани, СЈО го прошири обвинението со уште една истрага под кодното име „Тарифа 2“. Во оваа истрага е осомничен третообвинетиот Ненад Ѓорѓевиќ, затоа што одобрил исплата на средства во висина од 218.000 евра на чешка компанија од конзорциумот иако работата не била завршена.

Бошковски е инаку сопруг на Билјана Бришкоска Бошковска, поранешен заменик министер за правда.

Со новиот распоред предметот „Тарифа“ ќе го суди судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Тврдина, Таргет, насилствата во општина Центар, Транспортер, Тарфа, Тенк, Труст, Триста – вкупно 34 судски рочишта во кривичен се закажани за нивните предмети само во јануари и февруари.

ЕЛЕМ СЈО тарифа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.