НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците предлагаат забрана на цијанидни соединенија во рудниците

1
By Нова ТВ on January 29, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
фото; СДК.МК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десетина пратеници од различни партии предложија предлог за именување и дополнување на Законот за минерални суровини, кој доцна попладнево е ставен на дневен ред на денешната собраниска седница.

-Предложениот закон за минерални суровини содржи експлицитна забрана за експлоатација и преработка на минерални суровини со примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанци. Го предлагаме овој предлог за измени на законот за минерални суровини по скратена постапка, затоа што се работи за измени на се на се само 6 члена од овој закон, образложи Лилјана Поповска, пратеник на ДОМ, која е еден од предлагачите.

Во исто време Македонската асоцијација за рударство (МАР) на прес конференција обвини дека со ова практично ќе се затворат трите рудници за олово и цинк, Саса, Злетово и Тораница. Со измените се бара да не се користи цијанид во технолошкиот процес, што според претставниците на рударскиот сектор е вообичаена и дозволена постапка и во земјите од Европската Унија. Според рударската асоцијација со него неселективно се забранува користењето опасни супстанци, меѓу кои и на цијанидни соединенија и покрај тоа што рудниците имаат „А“ и „Б“ интегрирани еколошки дозволи.

–Со примената само на овие два члена ќе дојде до потполно затворање на рудниците во Македонија од една страна, но бидејќи рудниците не работат сами за себе и не само рудниците користат опасни супстанци, условно кажано, тоа значи дека ние треба да ја затвориме целокупната индустрија во Македонија, изјави Николајчо Николов, претседател на Македонска асоцијација за рударство

–Во 2010 година Европската комисија излегла со став дека треба да се употребуваат цијаниди во контролираните технолошки процеси и со сите мерки за претпазливост коишто се познати и коишто докажале дека во нормална примена не дозволуваат загрозување на животната средина, рече Максим Прохоров, од рудникот „Саса“. 

Тие бараат од Собранието и од Владата да организираат широка јавна расправа, со учество на научната јавност, на која би бил разгледан предлогот.

 

Закон за минерални суровини измена МАР Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.