Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Позитивен момент за напредок во спорот меѓу Атина и Скопје

0
By Нова ТВ on January 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2018 08:07

Обединетите нации соопштија дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 26 годишниот спор меѓу Атина и Скопје околу употребата на името Македонија.

Фаркан Хак, ОН

Заменик портпаролот на Обединетите нации Фархан Хак изјави дека „е создаден позитивен момент“ во разговорите што се водат со посредтсво на ОН и оти е можно да биде пронајдено решение со, како што изјави, „вистински дух на компромис од раководствата и од народите на двете земји“.

Медијаторот Метју Нимиц е во Атина каде што денеска треба да се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, по што утре ќе пристигне во дводневна посета на Македонија.

Лидерот на партијата „Независни Грци“ – дел од владината коалиција, Панос Каменос, истовремено и министер за одбрана, кој се противи на секакво користење на терминот Македонија во какво било сложено име ги отфрли гласините и написите во грчките медиуми дека тој ќе ја напушти власта доколку во Парламентот ќе дојде име кое го содржи терминот „Македонија“.

– Не верувам дека на НАТО Самитот ќе биде направен толку голем напредок во преговорите, дека ќе биде завршена уставната промена, како дел од предусловите што ги поставува грчката влада за поранешната југословенска Република. Сметам дека ако навистина сакаат решение Скопјаните, ќе треба да го направат она што го направи Англија за нејзиниот влез во Европската унија. Ќе ве потсетам дека за да влезе Англија во ЕЕЗ, го смени името по барање на Де Гол, од Велика Британија во Обединето Кралство – рече Каменос, објаснувајќи дека кога тоа го сторила големата Англија, „Скопје нема причина да инсистира на име кое велат дека го користат во последните 70 години, а е со историја од 3000 години“.

Во однос на позицијата за името, лидерот на Независни Грци, истакна дека од партијата остануваат на цврстата позиција, против употребата на терминот Македонија или изведените зборови во името, а уште еднаш повтори дека има целосна доверба во шефот на грчката дипломатија.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос пак изјави дека меѓу коалициските партнери има приближување на ставовите и дека со тоа, евентуалниот договор за името ќе се изгласа во Парламентот без некаква пречка.

 

Ѕанакопулос името Каменос Нимиц ОН преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.