Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за шамарите во Центар: Дел од обвинетите дофрлуваа и коментираа

0
By Нова ТВ on February 2, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 2, 2018 12:40

Со читање на обвинителниот предлог денеска во Кривичниот суд започна главната расправа за случајот „насилството во Центар“ на СЈО, во кој обвинети се и екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер, Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

Судењето е вратено на почеток бидејќи со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Душан Јосифов, кој го наследи од судијата Татјана Михајлова.

Рочиштето почна со утврдување на идентитетот на обвинетите и повторно читање на обвинението од страна на обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО.

Фетаи кажа дека заради бизнис интереси со наводен мотив уривање на црквата Св. Константин и Елена, дел од обвинетите влегле во дворот на општина Центар и насилнички се однесувале кон оштетените, ги малтретирале, грубо ги навредувале и им ја загрозиле сигурноста.

Поради тоа била онезвозможена работата на советниците, а за да се спречат поголеми инциденти, седницата била прекината и презакажана за 10.6.2013 година, кога повторно пред седиштето на општината се собрале неколку стотици луѓе.

Дел од обвинетите тогаш насилно ја искршиле оградата од дворот и почнале да фрлаат со разни предмети кон бараката, при што биле искршени сите прозорци. Насилствата продолжиле се до доаѓањето странски амбасадори и претставници на ОБСЕ во општина Центар.

Додека обвинителката Фетаи го образложуваше обвинението, дел од обвинетите се смееја и коментираа, по што во неколку наврати беа опоменати од судијата.

Адвокатите на обвинетите и забележаа на обвинителката Фетаи дека во нејзиното образложение воопшто не ги спомнала доказите и побараа судијата Душко Јосифовски, да го отфрли обвинителниот предлог.

Одбраната побара и СЈО да го прецизира обвинителниот предлог, бидејќи на претходните рочишта за еден од обвинетите постапката се издвои, а двајца признаа вина по што беа осудени. Судот го одби ваквото барање, истакнувајќи дека со забелешките на Фетаи обвинителниот предлог е јасен.

Фетаи реплицираше и потсети дека овој случај се води по скратена постапка напоменувајќи дека за доказите ќе се изјасни дури во доказна постапка.

По презентацијата на обвинението, судијата даде пауза, по што рочиштето треба да продолжи со излагање на одбраната.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Во една од „бомбите“ се слуша како тогашниот премиер Груевски нарачува на тогашниот градонашалник на Центар од опозицијата Андреј Жерновски да му бидат удрени неколку шамари.

Камерите „исчезнаа“ од судницата

За време на паузата од денешното рочиште, адвокатот на одбраната Димитар Дангов побара од судијата Душан Јосифов објаснување зошто во судницата ги нема камерите, кои го снимаат судењето на барање на обвинетите.

Судијата рече дека без негова дозвола и знаење камерите се отстранети од судската сала, по што судењето беше накратко прекинато за да се провери каде исчезнале.

Каако што објасни Јосифов, камерите биле пронајдени на друго судење, што го суди Софија Лаличиќ, која претходно ги побарала. Ова се единствените камери за судења во најголемиот суд, во кој е и Одделот за организиран криминал, а секое судење по закон, мора да се снима. Судијата даде пауза додека камерите да бидат вратени во судницата.

 

Груевски Јанакиески насилство во Центар обвинение СЈО смена на судија судење Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.