Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тревога на Волстрит: Акциите во слободен пад

0
By Нова ТВ on February 6, 2018 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 6, 2018 09:27

Паника завладеа синоќа на Волстрит, откако главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија.

Дoу Џонс Индастријал Авериџ, индустрискиот индекс на САД, нагло падна во вториот дел од денот и во помалку од еден час ги премина праговите од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Ова е најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008 година. Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Доу Џонс падна за околу 4,60 отсто.

Технолошкиот индекс Насдак загуби 3,78 отсто, додека S&P 500 во кој се 500 најголеми компании на берзите во САД, 4,10 отсто.

Ова се случува во момент кога Џером Пауел ја презема должносат гувернер на американската Централна банка, каде досега беше шеф Џенет Јелен, единствена жена на таа функција. Белата куќа синоќа објави дека „секогаш е загрижена кога вредноста на берзите паѓа“.

Портпаролот подоцна изјави дека се работи за „краткорична флуктуација на пазарите“ и доддаде дека американската економија и понатаму е „многу силна“ и „оди во добра насока“.

– Американскиот претседател Доналд Трамп се занимава со „основите“ на долгорочната економија, која и натаму е „исклучително силна“, соопшти Белата куќа по паниката поради падот на индексот на Волстрит.

– Претседателот се фокусира на нашите долгорочни економски основи, кои се исклучително силни, со јакнење на економскиот раст, историски ниската стапка на невработеност и раст на заработувачката на американските работници, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Си-Ен-Ен нагласува дека „со години на Волстрит немало толку страшен ден“ и оти акциите биле во „слободен“ пад. Стапката на невработеност во САД моментно е на најниско ниво во изминатите 17 години.

 

Нема простор за паника

Во САД засега се прават првични анализи кои велат дека останатите сегменти на економијата се во здрава кондиција па така се уште нема простор за паника и црни прогнози како тие во 2008 година, односно дека платите се стабилни, личната потрошувачка постојано се подобрува, а истото важи и за инвестициите, па така најверојатно се работи за привремено „топење“ на берзите.

Американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите месеци постојано го фалеше пазарот на акции и колку многу скокнала вредноста откако тој победи на изборите ветувајќи фантастична 2018 година, но сега кога индексите почнаа да паѓаат и економијата е доведена во ризик него никаде го нема да искоментира на Твитер и да ја презеде одговорноста.

Според проценките на американските аналитичари пакетот на даночни реформи кој го донесе администрацијата на Трамп своите поволности ќе ги даде кон крајот на оваа и почетокот на следната година, додека пак за 2020 предвидуваат мала рецесија на американската економија.

Последиците ги почувствува и Азија

Негативните последици на Вол Стрит се пренесоа и во Азија каде исто така пазарите на капатал трпат загуби и пад на вредноста на акциите.

Јапонскиот берзански индекс Никеи 255 падна за 7.1 проценти со 21,087.71 индексни поени, Ханг Шенг индексот на берзата од Хонг Конг падна 5%, австралискиот берзански индекс S&P ASX 200 падна за 3,4%, индексот Kospi од Јужна Кореја бележи пад од 2,4%, а најмал пад има кај Shanghai Composite index за 2,2 %.

 

Берзи индустриски индекс Доу Џонс Њујорк Пад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.