НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стратегија на ЕУ: Прво решете ги домашните проблеми, па членство

0
By Нова ТВ on February 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан предвидува дека две земји од овој регион, Србија и Црна Гора ќе бидат потенцијално подготвени да влезат во ЕУ до 2025 година.

Исто така ја зголемува поддршката за четири други, кои би можеле да станат членки. Но треба да им е јасно на политичарите во шесте земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, дека тие мора да бидат посериозни во воспоставувањето на владеењето на правото, справувањето со корупцијата, борбата со организираниот криминал, решавањето на билатералните прашања, како и тоа да преземат други мерки за демократски промени, анализира „Политико“.

„Влезот во ЕУ е многу повеќе од технички процес. Тоа е генерациски избор, базиран  врз фундаментални вредности, кој секоја земја треба поактивно да ги прифати, од надворешната и регионалната политика, до она што децата ќе го учат на училиште“, пишува во стратегијата.

Според анкетата која ја објавува весникот „Политико“, најголеми „еврофили“ се граѓаните на Косово – дури 90% од нив рекле дека членството во ЕУ е добра работа, па Албанците со 81%. По нив се Македонците, 54 проценти рекле дека членството во ЕУ е добра работа, 33 проценти дека не е ни добра, ни лоша, а 11 % изјавиле дека членството во ЕУ  е лоша работа.

Србите се на дното на листата според поддршката за влез во Унијата – само 26% рекле  дека е добра работа, а 30 проценти дека е лоша.

И на прашањето кога очекуваат нивната земја да стане дел од ЕУ, граѓаните на Косово и на Албанија се најголеми оптимисти. Бројките покажуваат дека 37 проценти од граѓаните на Косово очекуваат до 2020 година да станат членка на Унијата. Во Албанија овој процент е 35. Во Македонија 24% очекуваат земјата да стане членка на Унијата до 2020, 25 % до 2025, а 17% рекле дека никогаш нема да станеме членка. Србите се најголеми песимисти и по ова прашање – дури 38 проценти рекле дека Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ.

 

Според „Политико“, Јункер и другите европски лидери покажуваат интерес за Западниот Балкан делумно, поради загриженоста за зголеменото влијание на Русија, Кина и Турција таму. Кризата со бегалците во 2015, кога стотици илјади мигранти на патот кон Западна Европа, тргнаа преку западнобалканската рута, исто така ја потенцира важноста на овој регион за стабилноста на ЕУ.

„Земјите во Западниот Балкан сега имаат историски прозорец на можности да ја зацврстат и недвосмислено да ја поврзат својата иднина со Европската унија. Тие мора да дејствуваат детерминирано“, пишува во стратегијата за проширување.

Со новата стратегија, Европската унија нуди поголема поддршка на регионот со испраќање на Европол советници за зголемување на безбедноста, но и значително зголемување на инвестициите.

За во 2018 година, целокупните инвестиции во регионот се предвидени на 1 милијарди евра – повеќе од колку што е вложено во овој регион во последните 10 години. Но, стратегијата содржи и конкретни забелешки за начинот на владеење – земјите покажуваат елементи на заробени држави, вклучувајќи врски со организираниот криминал на сите нивоа на власта и администрација.

Ниту една од земјите на Западниот Балкан не може да се смета за функционална пазарна економија пишува во стратегијата.

И покрај тоа што Србија и Црна Гора се идентификувани како кандидатки за членство од страна на Комисијата, во документот пишува дека нивното приклучување до 2025 година е „крајно амбициозно“. Јасно е дека лидерите во Белград ќе мора да голтаат некои горчливи таблети на патот во Брисел…Во стратегијата, комисијата изразува подготвеност да отпочне преговори со Македонија и Албанија, ако тие исполнат одредени услови, а на Босна и Херцеговина да и додели кандидатски статус.

Косово не е спомнато во стратегијата како иден кандидат.

По  долготрајниот пограничен спор меѓу членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, во стратегијата сега пишува дека сите вакви несогласувања ќе  мора да се решат пред да можат земјите да станат дел од Унијата.

ЕУ нема да прифати да ги увезе овие спорови и нестабилност се вели во документот.

 

балкан ЕУ Корупција стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.