НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жбогар: 2025 година е преамбициозен рок за земјите од Западен Балкан

0
By Нова ТВ on February 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Западен Балкан нуди јасна европска перспектива за сите шест земји од регионот, но Брисел нема да дозволи прием на земји со отворени прашања, изјави на денешната прес-конференција  евроамбасадорот Самуел Жбогар по презентацијата на Стратегијата на ЕК за проширување.

Во однос на временската рамка што се наведува во Стратегијата, во 2025 година да бидат примени нови членки во Унијата, Жбогар рече дека тоа е мошне амбициозен датум и дека тој не претставува краен рок, туку тоа е потенцијален краен датум на кој треба да се гледа како на охрабрување на земјите во спроведување на потребните реформи и исполнување на критериумите.

-Оценките се дека ниту една од земјите кандидатки, според постојното ниво на реформи и постигнување, не е подготвена за прием  во Унијата и оти треба драматично да се променат работите кај секоја од шесте земји во однос на интензивирање на реформите и да им се покаже на самите земји членки дека постои вистинско приближување кон стандардите на ЕУ, изјави Жбогар.

Во Стратегијата, додаде, јасно е посочено оти ЕК е подготвена да почне преговори за пристапување со Македонија и оти е значајно да има национален консензус во однос на европерспективите и да се поддржат реформите.

Во однос на Македонија, Жбогар рече дека е направен голем прогрес во реформите во изминатите неколку месеци, но, исто така, укажува и дека Комисијата е подготвена да отпочне претпристапни преговори со Македонија. Притоа, значајно е, се наведува, да има национален консензус за пристапување кон ЕУ како и да се поддржат реформите што се спроведуваат.

Во овие процеси, според Жбогар, треба да се вклучат сите страни, вклучувајќи ја опозицијата, како и граѓанскиот сектор.

Во однос на добрососедските односи кои се исто така еден од принципите на ЕУ и се однесува на сите земји кандидати, Жбогар укажа на договорот со Бугарија како одличен пример на решавање на отворени прашања инициран од страна на двете земји, а го спомена и обновувањето на преговорите со Грција кое, според него, е охрабрувачко.

– Многу е добро ако постои дијалог. Мислам дека постои атмосфера за решавање на овој проблем. Веруваме дека процесот ќе заврши успешно. Самите преговори се одвиваат под закрила на ЕУ и треба да продолжат кон таа насока, оцени Жбогар.

Евроамбасадорот Жбогар попладнево Стратегијата треба да му ја предаде на премиерот Зоран Заев.

ЕУ Жбогар прес стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.