НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз окован во мраз и заробен во снег – Ајфеловата кула затворена

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колони возила долги повеќе од 700 километри во Париз, стотици заробени камиони, Ајфеловата кула е затворена…ова се последиците од снегот, што синоќа падна во главниот град на Франција и во северниот дел од државата.

Според Метеоролошката служба, снегот го отежнал одвивањето на сообраќајот на запад и североисток преку регионот Париз.

Во Париз и околината има 739 километри заглавени возила, соопшти авто-мото службата Ситаден.

Автобусите што вршат јавен превоз во главниот град и предградијата претходно беа вратени во депоата.

Ниту денеска нема да има школски превоз во повеќе делови од Франција, особено во регионот на Париз.

Состојбата може да биде критична од ноќеска до утре со пад на температурите и до минус 10 степени и појава на „леден дожд“ на веќе снежниот терен, најавуваат од Метеоролошката служба.

Националната железничка компанија соопшти синоќа дека е намалена брзината на возовите со што се предизвикани доцнења додека линијата за возови со голема брзина Атлантик има пречки.

Компанијата што управува со Ајфеловата кула ја затвори поради временските услови.

Дваесет и девет француски департмани објавија во понеделникот „предупредување за исклучително ниски температури“.

В петок е можен нов снежен бран од северозапад.

Овој јануари е најстуден во последниов век, додека рекордните количини дожд предизвикаа поплави во неколку региони на Франција.

Македонски патници „заглавени на аеродромот Буве“

До редакцијата на НОВА пристигна информација дека околу 50 патници кои летале со „Виз Ер“ од Скопје до Буве, вчера по пристигнувањето на аеродромот кој се наоѓа надвор од Париз, останале заглавени се до денеска претпладне.

Автобусот кој ги зема патниците од Буве и ги превезува до централниот дел на Париз, вчера не можел да пристигне поради снежните насипи, така што патниците останале цела ноќ на аеродромот.

мраз Париз снег
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.