НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска и Ахмети на ТВ Скај: Спорот може да се реши

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои консензус во однос на тоа дали треба да преговараме, дали треба да прифатиме некој вид компромис, бидејќи и конзервативната и социјалдемократската влада во одредени моменти прифатиле одредени компромиси, вели министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска за грчката телевизија Скај.

Говорејќи за емисијата „Историес“, како што пренесува МИА,  Шекеринска објаснува дека македонските влади во минатото рекле „да“ за компромис, како на пример името „Република Македонија – Скопје“, а според тоа, таа изрази верување дека кај нас постои консензус во однос на потребата за решение.

– Фактот дека преговараме некаков вид сложено име со некаков вид на придавки или додавки, покажува дека постојат двоумења, емоции, но и волја да одиме напред, вели Шекеринска, како што објавува ТВ Скај.

Министерката за одбрана, смета дека во последните 25 години, постоеле подобри можности за решение, но секогаш нешто недостасувало.

– За танго се потребни двајца и целосно го разбираме ова. Па така, потребна е вистинска посветеност и од двете страни и, исто така, малку храброст, за работите да одат напред. Навистина верувам дека имаме историја на изгубени можности и мислам дека треба да го искористиме тоа искуство за да кажеме каде сакаме да бидат нашите две земји за 25 години, објаснува министерката за одбрана.

Во истата емисија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека македонската влада е реформаторска и верува дека „во рамки на овие реформи конечно ќе се реши 25-годишниот проблем меѓу Скопје и Атина.“

– Ние сме земја без име, имаме едно привремено име, ПЈРМ. Во пракса се обидуваме конечно да добиеме нормално име со преговорите што се водат, вели Ахмети, како што објави ТВ Скај.

Во однос на тоа дали ДУИ ќе поддржи, доколку се потребни и уставни промени, претседателот на партијата вели дека тие се подготвени да го поддржат процесот до конечно решение.

– Секако, ние го поддржуваме напредокот. Ќе биде големо постигнување, доколку успешно се заврши ова поглавје. Ќе не растовари многу, од нешто што со години ни тежи. Ние сме подготвени. И во минатото сме биле подготвени за да го поддржиме процесот до конечно решение, бидејќи не интересира многу интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, вели Али Ахмети, според грчката телевизија.

Синоќешната епизода од емисијата „Историес“ беше посветена на разговорите за името, а новинарот преку репортажа од Скопје, ги пренесува позициите и на македонските политичари, но и ставовите на младите Македонци во однос на спорот меѓу двете соседни земји.

Новинарот, прави и ретроспектива на најважните настани во македонско-грчките односи и разговорите за името од 90-те години до денес.

Ахмети името решение ТВ Скај Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.