НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Што мислат административците за Поглавјето 23

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права во РМ и Институтот за европска политика – Скопје го презентираа испитувањето на мислењето на административните службеници во Република Македонија во поглед на состојбата во Поглавјето 23: правосудство, антикорупција и темелни човекови права.

Правосудство

Во однос на правосудството, резултатите покажуваат дека 54% од испитаниците во државната администрација сметаат дека состојбата во правосудството во Македонија е лоша, додека само 11% ја оценуваат како добра. Само 7% од административните службеници сметаат дека граѓаните имаат доверба во правосудниот систем на државата, додека 62% сметаат дека граѓаните немаат доверба во правосудниот систем.

За зголемување на довербата во правосудниот систем, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека е потребно намалување на влијанието на извршната врз судската власт (55%), како и зголемување на независноста и непристрасноста на судовите (53%).

Испитаниците со работен стаж од 7-10 години значајно подобро ја оценуваат состојбата од оние кои имаат работен стаж 1-2 години. Дополнително вработените во државната администрација од албанската етничка заедница, значајно повисоко ја оценуваат состојбата од вработените во државната администрација од македонската етничка заедница.

Борбата против корупција

За 46% од испитаниците, генералната состојба во поглед на борбата против корупцијата е лоша, додека околу 15% ја оценуваат како добра. Повеќе од две третини (69%) од вработените во државната администрација се согласуваат дека предложените препораки од ЕУ за спроведување реформи во областите на борбата против корупцијата се соодветни и применливи.

Со овој став значајно повеќе се согласуваат вработените во државната администрација од албанската етничка заедница во однос на вработените во државната администрација од македонската етничка заедница.

Темелни човекови права

Генералната состојба со човековите права е оценета како добра или многу добра од 29% од страна на вработените во државната администрација, додека како лоша ја оценуваат проближно 30%.

Поделено е мислењето во однос на подготвеноста на Република Македонија за пристапување кон ЕУ од аспект на човековите права. Имено нешто повеќе од една третина (35%) од вработените во државната администрација сметаат дека Република Македонија е подготвена за пристапување кон ЕУ од аспект на човековите права, додека приближно 30% сметаат дека не е подготвена. Вработените со работен стаж над 15 години во поголема мера се согласуваат дека Република Македонија е подготвена за пристап во ЕУ од аспект на човековите права, во споредба со оние административните работници со работен стаж 2-5 години.

Реформски чекори

Најголемиот дел од испитаниците 89%, сметаат дека реформите во правосудниот систем се важни за пристапување на Република Македонија во ЕУ.

Околу 80% од вработените во државната администрација сметаат дека улогата на граѓанскиот сектор во реформите е важна. Приближно половина од испитаниците т.е. 47% сметаат дека институциите имаат капацитет да ги спроведат реформите во областа на правосудството, борбата против корупцијата и основните човекови права. Дополнително само 4% од вработените во државната администрација сметаат дека институциите се целосно независни од политичките партии при спроведувањето на реформите.

анкета Институт за европска политика Поглавје 23 Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.