Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер доаѓа во Македонија на 25.февруари

0
By Нова ТВ on February 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 8, 2018 12:00

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска информираше дека Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ќе ја посети Македонија на 25 февруари како што НОВА објави на 27 јануари.

„Ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но и за охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на новите скратени цели“, рече Османи.

Според Османи, Стратегијата е добра за Македонија, бидејќи се валоризираат успесите на земјата во однос на реформите.

„Македонија е најстара во овој процес и пред Србија, Црна Гора и сите други држави од Западен Балкан, оти имавме Договор за стабилизација и асоцијација во 2001 година, кандидат сме од 2005 година и има најмногу напреднато во процесот на хармонизација со европското законодавство и трансформацијата на општеството“, рече меѓу другото Османи.

Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија за  напредокот на земјата, кој ќе биде соопштен на 17 април, треба да потенцира деветта по ред препорака за отпочнување преговори.

Јункер посетата ја најави во вторникот кога се беше презентирана самата стратегија.

„Инвестирањето во стабилноста и просперитетот на Западен Балкан значи инвестирање во безбедноста и иднината на Унијата. Иако за време на сегашниот мандат нема да има проширување, Европската Комисија го трасира европскиот пат за Западен Балкан. Со цврста политичка волја и реални реформи, со дефинитивни решенија на недоразбирањата меѓу соседите, Западниот Балкан може да се придвижи на својот европски пат. Дали ова ќе се постигне ќе зависи од нивните заслуги. Европската Комисија ќе биде строга но и фер. Ќе ја посетам секоја од земјите во Западниот Балкан кон крајот на месецов со јасна порака: Продолжете со реформите и ние ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата европска иднина“, изјави неодамна претседателот на Европската Комисија.

Европска комисија Жан-Клод Јункер Македонија посета стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.