НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре со велосипед на училиште и работа

0
By Нова ТВ on February 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје по четврти пат ќе се приклучи на интернационалниот Winter Bike to Work Day кој веќе шеста година се одржува во светски рамки. Иницијативата е меѓународна и е од отворен тип.

Целта на оваа иницијатива е подигање на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство.

Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ како промотор на правилен и здрав начин на живот  повикува на поддршка на процесот за развој на урбаниот велосипедизам во Скопје со приклучување кон интернационалниот Winter Bike to Work Day кој е закажан за петок 09.02.2018 година.

За учество, потребна е само регистрација на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и тој ден да се движите синхронизирано заедно со многу луѓе низ целиот свет до вашата секојдневна дестинација.

Од иницијатаивата #НаТочак велат дека “ Нема лошо време, туку само лоша опрема. Менувањето на личните навики и пробивањето на комфорната зона е процес кој најмногу се менува преку личен пример“.

Се апелира до сите кафулињата, баровите, рестораните, продавниците за велосипедска опрема и сите останати деловни субјекти да се вклучат во славењето на овој ден преку овозможување на најразлични поволности, попусти и награди за оние кои ќе дојдат на точак до нивните локали и ќе купат нивен производ/услуга.

Сите јавни институции, министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, факултети, но и сите приватни компании кои ќе се придружат на оваа иницијатива, може да направат свој настан, свои промотивни материјали, свои понуди, свои награди за своите посетители /вработени/ ученици кои ќе пристигнат на точак тој ден.

Засега, поддршка на оваа иницијатива дадоа Градот Скопје и Министерството за образование и наука, кое ги повика учениците, студентите, наставниците и професорите да се придружат на иницијативата.

„Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на останатите граѓани и учесници во сообраќајот. Грижата за животната средина, вашата среќа и благосостојба, заштедата на време и пари, се најголемата мотивација за возењето велосипед“, пишува во повикот од МОН.

Winter Bike to Work Day Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.