НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села ќе сведочи на 19 февруари

1
By Нова ТВ on February 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зијадин Села денеска не се појави во Кривичниот суд, каде што на десетина обвинети им се судеше дека на 27 април се обиделе да го убијат за време на насилствата во Собранието.

Со дозвола на судијката, Славица Андрееска тој ќе сведочи на 19 февруари, а досега пред судот сведочеше еден сведок вработен во компанијата, која го монтирала видео надзорот во Собранието. Денеска треба да сведочи и вториот сведок.

Првиот сведок истакна дека во 2016 година бил инсталиран системот за видео надзор, односно во моментот кога се вршела реконструкцијата на Собранието. Пред судот појасни дека на 28 април, или еден ден по крвавиот четврток бил повикан од директорот да оди во Собранието за да ги извадат потребните снимки, а по наредба на обвинителството.

Тој не сакаше да открие колку камери се поставени во Собранието, истакнувајќи дека овој податок е доверлив, но за истрагата за овој случај биле извадени снимки од неколку камери. Сведокот, исто така рече дека не може да одговори дали освен визуелно, се прави и аудио запис.

На прашање на адвокатите на обвинетите, дали фирмата „Сензор“, во која што тој работи била подизведувач на фрмата „Бетон Штип“ кој ја вршеше реконструкцијата на Собранието, тој одби да одговори, упатувајќи ги на неговиот директор.

Повеќе од еден час сведокот беше распрашуван и дали може да се утврди точното време кога се случиле настаните кои што биле регистрирани од камерата, на што тој одговори дека при одредена пресметка може да се дојде до временскиот период.

Претходно, Абедин Абдули, кој е адвокатот на пратеникот Зијадин Села, денеска рече дека од обвинетите за тепањето на Села – Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра, бараат 500.000 евра – материјални трошоци за лекување и нематеријални за претрпената физичка и душевна болка и повреда на личниот интегритет.

27.април обид за убиство Села судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.