Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Груевски бара бомбите да не бидат доказ, биле јавно објавени

2
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 13:34

На обвинителна клупа денеска во Кривичниот суд седнаа екс премиерот Никола Груевски и поранешната министерка Гордана Јанкулоска за набавката на мерцедесот од 600.000 евра во случајот „Тенк“ на СЈО.

На почетокот на рочиштето адвокатите ги побара прислушуваните разговори од бомбите во аудио форма, бидејќи како што рекоа досега не ги добиле.

Се работи за едно цд со 8 разговори од кои 4 веќе биле објавени во јавност, што според нив не можaт да се користат како доказ.

Исто така побараа СЈО да ја докаже својата надлежност, бидејќи според нив тоа досега не го докажале.

Обвинителот од СЈО, Стевче Донев истакна дека Апелација веќе се произнела дека снимките треба да се користат како доказ. Тој посочи дека ова е уште еден обид за одложување, а Груевски дофрли: „Тогаш дајте ни ги снимките“.

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека апсурно би било да се забранат како докази веќе објавени снимки, бидејќи ќе се доведат во контрадикторна ситација.

-Зарем треба да ги занемариме сите информаци кои доаѓаат од разни извори, кои ќе ни помогнат да дојдеме до вистината, истакна обвинителката Ристовска.

Адвокатот Боро Тасевски истакна дека без да ги добијат разговорите во аудио форма за да можат со технички лица да утврдат дали гласовите се на обвинетите, но и како што рече дали некаде се прекинувани разговорите, па продолжувани.

Тие потсетија дека обвинението за „Тенк“ судовите го прифатија во целост, а бомбите,обвинетите и одбраната, ако сакаат, може да дојдат во СЈО и денеска да ги слушаат и да направат препис. Исто така потсетија и дека бомбите со одлука на Скопска апелација, ќе важат како докази и во оваа постапка.

Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов, рече дека бомбите биле во правниот поредок, бидејќи врз основа на нив било формирано СЈО, но тоа не значело дека треба да се користат во доказната постапка.

–Не се ова ПИ мерки. Прислушуваните разговори не уживаат таква заштита. Не е утврдена автентичноста, дали гласовите се на обвинетите, дали снимките се целосни, дали не е скратен крајот на некои разговори, кога вообичаено, ние со еден збор го поништуваме целиот разговор, договор. Не сме ние виновни што политиката го донесе овој закон за СЈО, рече адвокатот на Груевски.

 

 

бомби Груевски докази Јанкуловска тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.