НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Груевски и Јанкулоска бараа прекин на судењето, добија пауза

0
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс премиерот Никола Груевски и поранешната министерка Гордана Јанкулоска денеска седнаа на обвинителна клупа за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра, но веднаш побараа прекин на судењето, бидејќи како што рекоа и самите, но и нивните бранители, немале време да го прочитаат записникот од минатото рочиште.

Обвинителите од СЈО кои го покренаа овој случај под името „Тенк“, се спротивставија и побараа постапката да не се одолговлекува, а и судијката Добрила Кацарска им посочи дека нивен бил пропустот што наместо да дојдат во судот на 13 ти овој месец и да земат записник и це-де од рочиштето, тие тоа го прават денеска.

Судијката појасни дека иако судот немал обврска, сепак адвокатите биле и телефонски контактирани и им било укажано да дојдат и да земат записник. Јанкулоска рече дека не била известена да го подигне записникот, на што судијката Кацарска уште еднаш повтори дека судот немал обврска да ја известува.

Како што појасни Кацарска, поради добра волја на судот има дозволува половина час пауза, на што од место реагираше Груевски, кој констатираше дека записникот имал 17 страни, и дека немат доволно време да го прочитаат.

-Бев јасна, имате половина час пауза, рече кацарска, на што Груевскиизвика: „Не, не бевте јасна, дали слушнавте што ви кажа Јанкулоска“.

Судијата Кацарска повторно им објасни на обвинетите дека тоа што не добиле записници на време е пропуст на нивните бранители, додавајќи дека обвинителите од СЈО на време го подигнале.

-На човек со сила можеш да му земеш нешто, но не и да му дадеш, рече обвинителката Ленче Ристоска.

Кацарска по ова не му дозволи на Груевски да зборува, туку рече дека дала половина час пауза.

Груевски Јанкулоска Ленче Ристоска мерцведес СЈО тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.