Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој затаил во случајот со девојчето што е во старателство на државата

0
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2018 18:32

Надлежните институции затаиле во случајот со малолетното девојче кое било неколкупати сексуално злопотребено – одговорните лица  не покажале интерес да утврдат зошто девојчето често го напуштало домот и каде одела,  констатираше Народниот правобранител. 

,,Кога државата ја презема одговорноста за грижа и заштита на дете сместувајќи го во установа од ваков тип потребно е во континуитет да се преземаат мерки за заштита на правата на детето и  превенција од секаков вид на злоупотреба, занемарување или малтретирање, вклучувајќи и сексуална експолатација, а на што впрочем упатува и член 19 од Конвенцијата за правата на детето,“ констатира Правобранителот.

По разговор со девојчето и одговорните лица во јавните установи за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение (25 Мај и Ранка Милановиќ), Народниот правобранител бара од МВР и Основното јавно обвинителство без одлагање  да ги преземат сите со закон утврдени дејствија за откривање и санкционирање на злоупотребата на детето И.Р ., а Министерството за труд и социјална политика најитно да преземе дејствија за целосно испитување на одговорноста на назначениот старател.

Европскиот центар за правата на Ромите вчера обелодени шокантен случај на 13 годипно ромско девојче кое како што тврдат било изложена на сексуално злоставување како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје.

МВР соопшти дека девојчето штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, од крајот на 2016 и во текот на 2017 година и 2018 година девет пати било пријавувано за исчезнато лице од страна на вработени во социјално-згрижувачките установи, при што во сите девет случаи.

Во документираните случаи, МВР разговарале со лица инволвирани во незаконски дејствија од областа на кривични дела против половата слобода, за што се направени детални известувања доставени во надлежното ОЈО за натамошно постапување.

МТСП тврди дека за посочената малолетничка имало посебна грижа, но тоа не дало никакви резултати.

Секој пат кога девојчето го снемувало од Домот, старателот пријавувал во МВР.

Оттаму неколку пати побегнало и било во различни градови. И нејзините искази пред полицијата, според МТСП, се проблематични во напорите да ја заштитат бидејќи прво тврдела дека била заљубена, а потоа и дека била експлоатирана, нелегално да работи како сексуална работничка.

Од Министерството негираат дека таа била жртва и на социјален работник.

 

ЕЦПР МВР МТСП Народен правобранител силувано девојче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.