Тројца полицајци се убиени во судирите со демонстрантите во северниот дел на Техеран, соопшти полицијата.
Портпаролот Саид Монтазер ал Махди за иранската државна телевизија изјави дека полицајците загинале кога дошло до судир меѓу безбедносните сили и следбениците на сектата Гонабдаи кои се собрале пред полициската станица.
Притоа тој истакна дека меѓу деветмината приведени е и демонстрантот кој ги убил полицајците.
Според полицијата, ситуацијата во овој дел од иранскиот главен град брзо е ставена под контрола.
Демонстрантите бараа ослободување на следбениците на оваа суфиска верска секта, кои претходните денови биле приведени.