Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН предупредуваат: Во Гута се случува масакр

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 20, 2018 09:08

Најмалку 100 цивили, меѓу кои 20 се деца загинале во бомбардирањето на предградието на Дамаск, е новиот биланс од нападите што го соопшти Опсерваторијата за човекои права.

Сириските авиони ја гаѓале источна Гута, упориште на бунтовниците во предградието на сирискиот главен град.

Билансот на жртвите расте, додека артилериските и нападите од воздух и засилувањето на позициите на владините сили навестуваат скорешни копнени напади на енклавата која е под власт на бунтовниците уште од 2013 година.

ОН во понеделникот упатија итен апел веднаш да запрат авионските напади на Гута.

-Хуманитарната ситуација на цивилите во источна Гута е целосно надвор од контрола, изјави во Бејрут Панос, Мумцис, координатор на ОН за хуманитарна помош во Сирија.

-Веднаш треба да се запре ова неразумно човечко страдање. Бомбардирањето на недолжните цивили и инфраструктурата мора веднаш да запре, рече тој.

Директорот на сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија Рами Абдел Рахман изјави дека сирискиот режим интензивно ја бомбардира источна Гута, подготвувајќи се за копнена офанзива. Според оваа невладина организација, во вчерашните напади на ова предградие на Дамаск загинале 17 цивили.

Националната коалиција на Сирија, со седиште во Турција, гланата опозиција партија во егзил, во изјавата ја осуди војната до истребување во источна Гута, како и меѓународниот молк за злосторствата на силите на претседателот Башар ал Асад во војната која трае речиси седум години.

Во неделата режимот испука стотина ракети на ова подрачје, а во понеделникот во воздушните напади се убиени повеќе цивили на неколку подрачја. Ранети и мртви имало во сите импровизирани болници, објави АФП.

Уште од 5 февруари војската започна петдневна кампања напади од воздух без преседан врз Гута, при што беа убиени над 250 цивили а стотина беа ранети.

Две исламистички бунтовнички групи го контролираат источниот дел на Гута, но таму се засолнети и  припадници на џихадистичката група Ал Шам Хајат Тахрир.

Иако во тек се преговори, џихадистите да си заминат, засилувањето на притисокот покажува дека режимот се подготвува за копнена офанзива.

Во соопштението, опозициската коалиција ја обвини Русија сојузник на сирискиот режим, дека со своето делување го закопува политичкиот процес за решавање на судирот кој од 15 март 2011 година до сега одзел над 340.000 животи.

Режимот сака да ја преземе Гута и да ги спречи ракетните напади на бунтовниците врз Дамаск. Во неделата навечер шест ракети го погодиле Дамаск, при што е убиен еден функционер.

Од 5 февруари, над 20 цивили загинале во нападите во Дамаск.

По првобитните борби на бунтовниците и режимот, војната во Сирија стана посложена со вклучување на џихадистичките групи и регионалните и меѓународните сили.

Гута жртви ОН Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.