Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вајгл, Флекенштајн и Кукан во понеделник во Скопје

0
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
Jpeg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 22, 2018 08:42

Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан во понеделник во Скопје ќе учествуваат на 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ – Косап.

Засега нема информации дали тројцата пратеници ќе имаат официјални средби со претставници на парламентарните партии. Од канцеларијата на Вајгл во ЕП информираат дека во неговата агенда е само Косап.

Европратениците беа иницијатори на идејата за разговори во куќата на Жан Моне во Париз, но средбата на претставници на парламентарните групи беше одложен.

Вајгл најави дека тројцата пратеници  во февруари ќе дојдат во Македонија и дефинитивно да го договорат новиот датум на првиот состанок и темите кои би биле усогласени за тој состанок.

Првиот предвиден термин, минатиот месец, пропадна бидејќи, како што изјави Вајгл, не добија потврда од ВМРО-ДПМНЕ, која беше во процедура на избор на ново раководство.

Вајгл, Флекенштајн и Кукан ќе бидат гости говорници на конференцијата која ќе има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.

На отворањето ќе зборува претседателот на Собранието Талат Џафери, а како гости говорници на сесиите се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији.

На конференцијата, како што е најавено, ќе биде усвоена заедничка изјава.

Вајгл европратеници Жан Моне Кукан разговори Скопје Флекенштајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.