Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словачка: Убиени истражувачки новинар и неговата девојка

4
By Нова ТВ on February 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 26, 2018 14:02

Истражувачкиот новинар од Словачка, Јан Кучијак и неговата девојка се убиени во неделата, соопшти полицијата денеска, поврзувајќи го убиството со неговите новинарски текстови.

Безживотните тела на 27-годишниот Кучијак и неговата девојка полицијата ги пронашла во нивниот дом во Велка Маца, источно од Братислава.

Шефот на словачката полиција, Тибор Гаспар, изјавил дека „убиството веројатно е поврзано со неговите истражувачки активности“.

По неговото убиство, премиерот на државата, Роберт Фико, изјавил дека доколку се докаже дека станува збор за убиство, тоа претставува сериозен напад врз слободата на медиумите и демократијата во Словачка.

Словачкиот претседател Андреј Киска побара брза истрага за убиството на истражувачкиот новинар, соопшти Ројтерс.

„Мораме да ги пронајдиме сторителите колку што е можно побрзо за да осигураме безбедност на новинарите“, изјавил Киска.

Новинарот бил застрелан во градите, а неговата девојка во главата, а според проценките на полицијата, биле убиени помеѓу четвртокот и неделата.

Кучијак работеше за Aktuality.sk со фокус на затајување на данок.

„Шокирани сме од веста дека Јан Кучијак и неговата партнерка се жртви на сурово убиство“, изјавил Ринги Аксел Спрингер, сопственикот на овој веб-сајт, искажувајќи сочувство на фамилијата на новинарот.

Како што пишува Ројтерс, во последниот новинарски текст, Кучијак пишувал за бизнисмен кој бил осомничен дека продавал станови во комплекс апартмани кои биле во негова сопственост. Тој ја поставил тезата во текстот, од кои причини бизнисменот го правел ова, односно дека станува збор за затајување на данок.

Минатата година словачкиот новинар поднел пријава до полицијата по закана од бизнисменот Мариан Кочнер, кога пишувал за него, но полицијата не делувала.

бизнисмен Затајување данок истражувачки новинар Јан Кучијак Мариан Кочнер Словачка текст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.