Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските маркички на српското брашно го донесоа Љаиќ во Скопје

0
By Нова ТВ on March 2, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 2, 2018 08:03

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љаиќ денеска во Скопје ќе се обидат да најдат решение за проблемот со српското брашно, чиј увоз во Македонија се проблематизираше откако нашата земја донесе нов Правилник за увоз на брашно.

Правилникот што стапи во сила на 8 февруари, а предвидува контролни маркички на брашното да се ставаат по увезување на пратките и нивната контрола, а не пред да се реализира извозот во Македонија, предизвика реакции кај извозниците од Србија, а отиде до дотаму што деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад побара од министерот Љаиќ, српската влада да воведе реципрочни мерки за македонските производи што се увезуваат во Србија.

Од македонското Министерство објаснуваат дека измените се всушност усогласување на постојниот правилник за да се гарантира безбедност и квалитет на увозното брашно, како и да се гарантира дека брашното ќе се пушта во малопродажба откако ќе добие контролна маркичка. Односно се менува само распоредот на целата процедура за увоз на брашно од странски земји.

Новина е што контролните маркички ќе се издаваат откако ќе се добијат резултатите од анализите од земените мостри за квалитет и безбедност на увозното брашно.

Од Министерството исто така појаснуваат дека нема какви било дополнителни финансиските трошоци за увозниците, како што обвинија од Житоунија.

– На увозниците со тоа значително им се зголемени трошоците и бизнисот со Србија станува економски неисплатлив. Реално е да се очекува пад на извозот на српското брашно, изјави за весникот Политика, Здравко Шајатовиќ, претседателот на „Житоунија“.

И додека според производителите од Србија, со новиот начин на лепење маркички им се зголемува времето за извоз, како и трошоците, македонските мелничари велат дека на овој начин Владата се обидува конечно да стави крај на неконтролираниот увоз на српското брашно. Според нив не е нормално маркичката да се става во Србија, а не во земјата каде што се продава брашното, односно во Македонија.

Според Законот за квалитет на земјоделски производи, „брашното може да се стави во промет ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и за квалитет утврдени со овој закон“.

За српските производители, Македонија е трет извозен пазар на кој годишно пласираат 30.000 до 40.000 тони брашно.

брашно извоз Македонија правилник Србија увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.