Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доколку има снимки од инцидентот кај Мавровка, МВР бара да се достават

1
By Нова ТВ on March 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 3, 2018 14:52

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повикува сведоците на инцидентот кај ТЦ Мавровка во кој полицајка вербално била нападната додека ги извршувала своите работни задачи на крстосницата на булевар „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“ во Скопје, како и сите кои имаат снимки да ги достават до МВР за да можат да ги процесуираат до Јавното обвинителство.

– Снимките кои ги има од камерите кои се на Град Скопје веќе се обработуваат и ќе бидат доставени, а доколку има било какви други снимки да се достават до МВР за да се документира случајот и да се расчисти до крај. Одговорно тврдам дека тоа што беше вчера соопштено е документирано и е предадено во ЈО и МВР стои на располагање да го расветлиме случајот ако имаме било какви нови материјали и докази кои ќе кажат дека нешто поинаку се случило. Тоа ќе биде добро и за постапувањето на полицајците во иднина, рече Спасовски во одговор на прашање по промоцијата на нови кандидати за полициски службеници во Центарот за обука во Идризово.

Тој осуди каков било акт на насилство врз граѓани или врз полицајците кои си ја остваруваат службената дејност и упати апел до граѓаните да ги почитуваат полицајците, а полицајците да имаат неселективен пристап кон секого.

Веднаш по случувањето на настанот, како што рече, се земени службени белешки од полицаецот кој постапувал и од неговите колеги кои биле на местото на настанот и тој материјал, нагласи, е предаден на ОЈО, а воедно е поднесена и прекршочна пријава за омаловажување на полицаец.

– Како одговорен човек чувствував обврска да ја повикам колешката и да разговарам со неа. Не ме интересират никакви функционери од било која политичка партија или носители на државни функции, туку ме интересираат полицијаците, Уставот и граѓаните. Полицајците ќе имаат моја целосна поддршка во секој момент да постапуваат согласно законските овластувања. Постапувањето на колешката треба да биде пример за секој полицаец и за секој што сака да ги почитува законите во државава жестоко да се спротивставиме на непринципиелното  и незаконското однесување. Секој граѓанин мора да ги почитува правилата и да има ред и поредок, рече Спасовски.

Тој нагласи дека во минатото многу случаи се затскриваа и затоа, како што рече, ја разбира сензитивноста на јавноста. Додаде дека ова раководство на МВР не сака да ги крие настаните и преку Внатрешна контрола да сугерира како да се постапува за одредени сегменти, ниту, пак, да се селектира како ќе се постапува врз одредени поедници без разлика дали се припадници на политички партии, религиозни групи и на една или друга националност.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, чиј близок соработник е Асани, по средбата со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски изјави дека со вакви изолирани инциденти треба да се занимаваат организте на правдата.

Ахмети Бекир Асани МВР полицаец снимки Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.