Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закажана седница за законот за јазиците: Ќе се одблокира ли Собранието

0
By Нова ТВ on March 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 6, 2018 08:42

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред е и за Законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани.

Засега нема информации дали пратениците ќе расправаат за амандманите и како ќе се надмине оваа ситуација која може да предизвика блокада на Парламентот или тие ќе бидат прескокнати и ќе се расправа за другите точки од дневниот ред на оваа седница.

Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделата, по средбата со премиерот Зоран заев изјави дека не е постигнат договор за законот за јазиците.

Како што рече Заев, ако се има малку разум, законот треба да се донесе во Собранието, па кој смета дека не е уставен да го оспори пред Уставниот суд, а не да се блокира Собранието пред вакви важни моменти за изгласување еден куп реформски закони од кои зависи европската иднина на Македонија.

– Предлогот да се формира работна група која со уставни експерти би ги толкувале уставностите на самиот закон апсолутно е неприфатливо. Прво од принципиелни и прагматични причини, а тоа е дека постои Уставен суд во РМ и ако нешто е неуставно тоа треба да го каже Уставниот суд. Параламентот ги гласа законите, претседателот го употеби своето право на вето и го врати законот. И навистина ова законско решение е неовозможено право на помалку бројните заедници треба да се овозможи, а потоа постои Уаставниот суд ако навистина тврдат дека е неуставен. За нас законот е уставен и апсолутно не треба да го доведеме Парламентот во ситуација да ги толкува уставноста или неуставностите, истакна Заев.

Од друга страна Мицковски најави дека има чувство дека многу брзо ќе бидат надминати проблемите и ВМРО ДПМНЕ ќе може да бидат комплетни во Собранието.

,,Во моментов, ВМРО ДПМНЕ останува на своите позиции, прашањето е од математичка и политичка природа и ние не можеме да бидеме комплетно активни во Собранието. Се надевам и имам чувство дека многу брзо математичките и политичките проблеми ќе бидат надминати и ВМРО ДПМНЕ ќе може да се врати во Собранието и да биде целосно посветена на работата во парламентот, рече Мицковски по средбата со премиерот Заев.

Мицковски додаде дека комплетирање на пратеничката група за него значи стопроцентно присуство на целата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и на коалицијата . Тој не прецизираше што за ова очекува да стори премиерот или судската власт, но нагласи дека ВМРО ДПМНЕ само така ќе се чувствувала комотно во Собранието.

Заев и Мицкоски потврдија дека наредната недела , ќе биде постигнат консензус и за најголем број од законите за кои разговараат работните групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ ( законот за следење на комуникациите, законот за заштита на сведоци). Двете страни не постигнале договор за законот за јазици.

 

амандамни Заев Закон за јазици Мицкоски џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.