НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една недела за партиски договор како ќе се гласа за законот за јазици

0
By Нова ТВ on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието нема да заседава една недела, за да се постигне договор околу законот за јазиците, кој е на дневен ред на Собранието во трето читање, но и покрај вчерашните обиди, оваа седница не започна.

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа во емисијата „200“ на Алсат М рече дека немало доволно гласови за да продолжи постапката, бидејќи некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот.

Џафери уште рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35-те илјади амандмани кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе. Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка. Предупреди дека Собранието не смее да биде заложник за никого.

Претседателот на Собранието им дал една недела на политичките партии да најдат решение, затоа што можностите што тој ги имал како претседател се исцрпени.

И покрај несогласувањата во врска со решението за над 35.000 амандмани, според Џафери владејачката коалиција не е загрозена и ќе продолжат сите процеси кои парламентарното мнозинство ги има во Собранието, а од кои зависи и функционирањето и поддршката за самата Влада на премиерот Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера посочија било побарано да ги повлечат амандмани што тие одбиле, дека проблемот за непочнување на седницата настанал помеѓу ДУИ и СДСМ.

Пратениците од СДСМ, пак, посочија дека сакаат да се отвори дебата за амандманите, а не онака како што предложиле од ДУИ.

блокада Закон за јазици Пауза Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.