Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми: Изјавата на Заев за грчкиот Устав е провокација

0
By Нова ТВ on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 7, 2018 13:36

Изјавата на премиерот Зоран Заев дадена вчера по судењето за предметот „Поткуп“, во однос на спорот со името, во која рече дека Македонија треба да постапува со Македонците кои се надвор од неа, исто како што Грција го прави тоа според нејзиниот Устав, во Атина се смета за провокација.

„Мора да водиме грижа едни за други за да го сочуваме достоинството на двата народа, на двете земји и на двете нации и секако за зачувување на она што значи чувство,  а тоа е идентитетот. Идентитетот е чувство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, а истовремено да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција… така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто“, рече Заев.

Како што јавува МИА, грчките медиуми, со различни наслови, оваа изјава на македонскиот Премиер ја пренесуваат како провокација од македонската страна.

„Провокација од Заев: И Грција да го отвори нејзиниот Устав“;

„Заев: Промената на Уставот не е решение, го решивме иредентизмот“;

„Провоцира Заев: Ненадејно поставува прашање за споредба на грчкиот со скопскиот Устав“;

„Предлог од Заев за меѓународен договор наместо промена на Уставот на ПЈРМ – отвора прашање и за грчкиот Устав“;

„Заев: Да го отвориме и Уставот на Грција“,  се само дел од насловите во грчките медиуми.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ во анализа упати остри критики до македонската страна дека се повеќе зацврстува одредени позиции и одбива непреведено име, промена на Уставот, промена на името за внатрешна употреба итн.

„ Да се отвори прашање и за грчкиот Устав, беше неверојатната провокација од Заев. Не отстапуваат, негираат каква било промена на нивниот Устав, повторно во игра го враќаат Метју Нимиц и ја очекуваат посетата на Никос Коѕијас во втората половина на март“, објави весникот дополнувајќи дека почетната клима на еуфорија сега била заменета со мудрост, а пресвртна точка била средбата на шефовите на дипломатиите на двете земји минатиот месец во Виена.

Заев исто така рече дека прашањето со иредентизмот е затворено со измените на имињата на автопатот Е-75 во „Пријателство“ и на аеродромот во Скопје.

Од друга страна пак, портпаролот на грчката влада вчера потенцираше дека Атина инсистира на промена на Уставот, за да биде исполнет условот ерга омнес.

Грција Заев идентитет иредентизам Македонија Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.