НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО не кажува дали Асани бил повикан на разговор

1
By Нова ТВ on March 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Скопје нема конкретен одговор на прашањето на НОВА, дали функционерот на ДУИ, Бекир Асани, досега бил повикан на разговор по инцидентот кој го предизвика во близина на „Мавровка“ кога полицајка им асистираше на пајак-службите да му го земе возилото поради непрописно паркирање.

На прашањето на НОВА, „Дали надлежниот јавен обвинител го повика на информативен разговор Бекир Асани?“, од ОЈО велат по известувањето од МВР и сослушувањето на полицајката, надлежен јавен обвинител издал барања и наредби за прибирање на податоци и дополнителна документација во насока на утврдување на фактите во предметот.

Од Обвинителство дополнуваат дека освен барањата за дополнителна документација, во исто време тие преземале и „други дејствија за прибирање на потребните податоци во предметот“.

Бидејќи оттаму велат дека се уште активно постапуваат по случајот и во тек е анализа на податоците, се уште нема јавнообвинителска одлука, туку таа допрва ќе биде донесена.

Инцидентот предизвикан од Асани се уште е предмет на реакција во јавноста, особено откако МВР соопшти дека тој само вербално ја нападнал полицајката, а таа пак, министерот Оливер Спасовски го информирала дека самата се повредила од „пајакот“.

Во моментот кога Бекир Асани ја нападнал полицајката, на крстосницата кај булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори“, веднаш пристигнало засилување од уште неколку полицајци.

Во текот на денот, МВР соопшти дека Асани бил повикан на информативен разговор во Полициската станица Бит Пазар, а по исказот за него била поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Досие Асани: Снимките од инцидентот во рацете на обвинителите

Неодамна, министерот Спасовски реагираше дека во случајот со инцидентот со Асани, ништо не се крие и дека целата документација била предадена во Јавното обвинителство.

Спасовски одговараше на новинарско прашање за време на посетата на Кавадарци, по коментарите во јавноста дека во случајот нешто се крие.

„Поднесена е целокупната документација до јавното обвинителство, тоа постапува и сите информации што се однесуваат на случајот ги имате таму. Тие податоци ќе ги добиете од Јавниот обвинител. Значи сите информации, податоци, се што е достапно за МВР е доставено во ЈО и се што ве интересира во поглед на оваа истрага која ја води обвинителството, ќе побарате информација од нив. Значи, се што имавме како материјал и како доказ е доставено до обвинителството и во рамките на истрагата која се води, сите информации можат да се најдат само во обвинителството“, рече Спасовски.

Бекир Асани Оливер Спасовски пајакот прекршочна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.