НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мичел во Скопје: Американска поддршка за преговорите и за НАТО

0
By Нова ТВ on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска пристигнува во Скопје, како втора станица од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Како што објави Стејт Депарментот пред посетата тој на средбите со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ја пренесе поддршката од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите со Грција за спорот околу името, но и ќе апелира до Владата за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите.

Премиерот Заев посетата на високиот претставник на Стејт департментот на Скопје ја оцени како потврда на пријателството, но и поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија.

Заев вчера нагласи дека Мичел доаѓа во време кога Македонија сака да ја унапреди соработката со стратешките партнери.

– Една од главните стратешки цели на РМ е НАТО, а земјата е буквално на чекор од членството во Алијансата. Ова може да биде од огромна помош. Ќе разговараме за соработката на двете земји, но и за НАТО перспективите, ќе имаме поддршка и за нашата интеграција во ЕУ, бидејќи таа е стратешки партнер, рече Заев коментираќи ја посетата на Мичел.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров вчера најави дека прашањето за името ќе биде една од главните теми на средбата со Мичел.

– Мислам дека состанокот ќе тргне со тоа прашање. Тоа ќе биде прилика да го запознаеме со динамиката во процесот за надминување на разликата околу името, рече Димитров и додаде дека од македонска страна ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот.

За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што Мичел на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција.

Мичел од вчера е во посета на Балканот која ќе трае до 17 март. Вчера беше во Приштин, а ќе ги посети и Белград, Атина и Никозија.

Вес Мичел НАТО Преговори за името Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.