НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расправија на Димовски и Џафери, седницата за јазиците не ни започна

0
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на денешната собраниска седница, од говорницата му порача на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека Законот за јазиците се носел противуставно.

Уште пред да ја најави точката на дневен ред, Димовски од говорница рече дека му е „жал што спикерот  избрал да се дебатира за законот, на денот кога УЧК почнале да пукаат во Тетово“.

„Според член 173 од Деловникот, став 3, по повторно разгледување на Законот, амандмани можат да се поднесуваат само со укажување на Претседателот на Републиката. Тој посочи дека законот е неуставен во 19 членови и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа амандмани токму за тие членови. Кои беа другите прекршувања? Неправилно беше употребено европското знаменце, Владата направи прекршување но и Собранието бидејќи не и го врати законот на Владата. Баравме јавна дебата, СДСМ се крстеа во Господ, ветуваа, но дебата немаше. Деловникот го прекрши и Артан Груби кој на Комисијата за европски прашања, три дена расправаше за еден амандман, а ниту еден од поднесените на ВМРО-ДПМНЕ“, набројуваше Димовски.

Димовски воедно му порача на Џафери дека седејќи на спикерското столче, негова обврска е да се грижи Собранието да работи по Деловник.

„Доколку ве интересираат само интересите на ДУИ, вие треба да си ја продолжите постапката и да го прекршите Уставот“, рече Димовски.

По ова, Димовски не се оддели од говорницата, додека Џафери неколку пати потенцираше дека не е започната седницата за јазиците.

И покрај негодувањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери продолжи со гласање на измени на други два закона, по што даде еден час пауза.

Пред почетокот на седницата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на социјалната мрежа Фејсбук, напиша дела тој денеска во Собранието бил на координација со пратениците од неговата партија, а со Џафери и Заев не разговарал за Законот.

„Околу шпекулациите кои произлегоа, немав никаква средба ниту со Талат Џафери, ниту пак со Зоран Заев. Единствено бев Собранието на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Денес власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните. Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан кој не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот, а ова е директен удар на соживотот во Македонија, од кој ниту Албанците, ниту Македонците нема да имаат подобар живот. Само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар. Но, државата и граѓаните не“, напиша Мицкоски.

Закон за јазици Илија Димовски Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.