НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Алмир: Делото преквалификувано, Илиќ пуштен од притвор

5
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
Фото ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката во Куманово на денешното судење направи преквалификација на делото за смртта на четиригодишниот Алмир кој беше прегазен во 2016 година пред Здравствениот дом.

Обвинетиот Бобан Илиќ наместо за убиство на Алмир, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кривично дело за кое според Кривичниот законик е предвидена максимална казна до десет години.

Прекфалификацијата на делото ја направи обвинителката на денешното рочиште во нејзините завршни зборови. Обвинителката рече дека обвинетиот Бобан Илиќ извршил кривично дело „сообраќајна несреќа“ со што ја загрозил безбедноста на пешаците, возејќи со брзина од скоро 40 километри на час.

Според неа, Илиќ не го извршил делото со умисла. Обвинителката Сузана Кусигерска посочи дека причината за ваквиот чекор е што кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле вештачењата – психијатриското и техничко-сообраќајното. Како што посочија од обвинителство, пред да се случи прегазувањето на малиот Алмир што се гледа на снимката објавена во јавноста, Бобан Илиќ и неговите брат и девојка биле физички нападнати и им го оштетиле автомобилот, но тој дел од снимката не бил објавен јавно. Девојката која била со двајцата браќа, се јавила и во полиција за да побара помош.

По денешното рочиште Илиќ е пуштен од притвор, а по излегувањето од судот како што се гледа на снимката од ТВ 21 тој покажал среден прст кон семејството на малиот Алмир.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1197052090424993/

Четиригодишниот Алмир беше прегазен 25 јуни 2016 година, по банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан Илиќ.

Во обид да избега од напаѓачите, Илиќ со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето. Семејството Алиу побара максимална казна за Илиќ. Тој, пак, тврди дека е жртва во пресметката.

На рочиштето што се одржа на 15 февруари, целиот случај е вратен од почеток.

Таткото на Алмир, Сеад Алиу и уште двајца негови роднини  се товарат за насилство.

Повеќе невладини организации, граѓански здруженија и граѓани досега одржаа неколку протести пред Обвинителството, откако прво во јавноста се слушнаа информации, а потоа потврди и лично новоизбраниот државен јавен обвинител Љубомир Јовевски, дека делото убиство, во Виштото Јавно обинителство е преквалификувано во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Јовески одговарјаќи на новинарско прашање минатиот месец рече дека случајот во Обвинителството ќе започне од почеток. Од Обвинителството оттогаш нема информација до каде е случајот, а на 2 март се одржа уште еден протест, на кој учесниците посочија дека во меѓувреме е дозволено возилото со кое е прегазен Алмир да биде продадено.

На почетокот на овој месец за деталите од овој случај во Ноќното студиот на Телма говореше адвокатот на семејството на Алмир, Асмир Алиспахиќ.

За истиот настан од пред Здравствениот дом во Куманово се води и друг случај, против три други лица (таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу) и  поднесено е обвинение за сторено кривично дело насилство.

Алмир Илиќ преквалификација притвор судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.