Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Протест пред ОЈО: Не го убивајте Алмир по вторпат

4
By Нова ТВ on March 2, 2018 ПОЛИТИКА
Фото. цивилмедиа.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 2, 2018 15:00

Стотина граѓани денеска одржаа протест пред Основното јавно обвинителство во Скопје, барајќи правда за 4-годишниот Алмир Алиу од Куманово кој беше прегазен на 25 јуни 2016 година, по банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово. 

Тие истурија црна земја пред Основното јавно обвинителство во Скопје во знак на протест, бидејќи обвинението за кривичното дело „убиство“, е преквалификувано во „несреќен случај со смртни последици“ во „сообраќајна незгода“ во Вишото јавно обвинителство.

Носеа транспаренти: „Обвинителите го убиваат Алмир по вторпат“, „Нема правда нема мир“, „Правда за Алмир“, „Дали треба да сум Ивона за да избегам од одговорноста“…

-Наместо да сме сведоци на окончување на случајот  „Алмир“  со заслужена казна за сторилетот на делото:  УБИСТВО СО УМИСЛА, ние сме сведоци на огласи за продавање на ОРУЖЈЕТО со кое беше усмртен четиригодишниот Алмир, беше речено на протестот, што се одржува по вторпат.

Организторите на протестот укажуваат дека се направени пропусти во истражната постапка, кои според нив се „иницијалната каписла во оваа судска голгота на семејството Алиу и на правдата во Македонија“.

-Основното Обвинителство Куманово наместо  да го конфискува возилото, кое  служело како оружје во грозоморното убиство на Алмир, истото го вратиле на семејството на обвинетиот.  Поради ваквата истражна постaпка; уништување на доказите, односно на оружјето со коешто е извршено делото; пристрастноста на Јавниот обвинител при водењето на постапката;  „шетањето“ на квалификацијата на делото од основото кон вишото и републичкото обвинителство, односно ПОРАДИ  САБОТАЖА НА ПРАВДАТА во случајот Алмир, бараме изземање на  Јавниот Обвинител од Основното Обвинителство – Куманово, Сузана Кусигерска, побараа организаторите.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески, одговарајќи на пратеничко прашање на собраниската седница на 22 февруари, за тоа дали е направена преквалификација на кривичното дело рече дека целиот случај ќе почне од почеток.

-Пред да  бидам именуван за републички јавен обвинител, во Вишото јавно обвинителство е направена преквалификација на делото, заради неможноста да се одреди умисла во делото кај обвинетиот за убиство. Но, сепак, сега случајот повторно е во постапка, односно почна од почеток и ќе се постапи согласно со закон, одговори Јовески, додавајќи дека за овој предмет е одржана една главна расправа.

Актерот Висар Вишка кој ги предводеше и денешните протести, го обвини републичкиот јавен обвинител дека лажел пред Собранието дека преквалификацијата на делото од „убиство“ во „сообрќајка со смртни последици“ го потпишал неговиот претходник Марко Зврлевски.

Тој на денешниот протест пред седиштето на обвинителството побара Јовевски да го објави документот, кој според него постои, за да се види дали навистина Зврлевски го потпишал преквалификувањето на предметот.

Четиригодишниот Алмир беше прегазен 25 јуни 2016 година, по банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан Илиќ.

Во обид да избега од напаѓачите,Илиќ со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето. Семејството Алиу побара максимална казна за Илиќ. Тој, пак, тврди дека е жртва во пресметката.

На рочиштето што се одржа на 15 февруари, целиот случај е вратен од почеток.

Таткото на Алмир, Сеад Алиу и уште двајца негови роднини  се товарат за насилство.

Видеото и фотографиите се на Цивилмедиа.мк

 

 

 

Алмир Јовески ОЈО протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.