НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Ако му помогневме на Цаноски со дивоградбата, ќе одговаравме

0
By Нова ТВ on March 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот премиер Никола Груевски на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ за уривањето на Космос, во дополнението на воведните зборови, наведе дека овој процес како и сите останати против него, биле дел од политичкиот прогон на актуелната власт, која ги користела СЈО и судовите, јавува репортерот на НОВА, Бранислав Закев.

„Целта е да се наруши мојот углед и партијата што ја предводев да се уништи и на нејзино место да се инсталира друга политичка партија која ќе оствари други политички цели, пред се редефинирање на државата, што граѓаните веќе го гледаат и чувствуваат“, рече Груевски пред Судот.

Покрај него, дополнение на воведните зборови дадоа и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Тројцата наведоа дека во текот на судскиот процес ќе докажат дека Космос е класична дивоградба.

Дополнија и дека инвеститорот Фијат Цаноски, незаконски отстапил од првичниот план на градба и не изградил еден од трите предвидени катови за подземени гаражи.

Ова како што рекоа тројцата обвинети, било направено со цел Цаноски да оствари финансиска корист од околу 1.2 милиони евра.

Груевски наведе дека идејата на Цаноски била користејќи ја медиумската поврзаност и тогашното учество во политиката, да се обиде да ја оствари својата цел.

Тој наведе дека дури и да сакале да му помогнат на Цаноски и да влезат во некакви разговори или преговори околу градбата, не можеле да го направат тоа, бидејќи како тогашна владејачка гарнитура, постапувале исклучиво според закон и дека ако му помогнале, неминовно некој подоцна ќе морал да се соочи со кривична одговорност.

Груевски исто така потенцираше дека се врши огромен притисок врз судот со цел брзо да се завршат случаите во кои тој е обвинет, а за сметка на тоа се одложуваат други судски процеси.

„Кој го наредил тоа?“, праша Груевски, додавајќи дека ова се правело за да се оттргне вниманието на граѓаните од актуелните случувања поврзани со идентитетот, јазикот и други важни прашања.

А во контекст на ова, тој ја наведе и денешната одлука за слушање на бомбите во судницата, за која како што рече, е со цел да се замајува народот.

Фијат Цаноски во изјава за медиумите пред Судот, пак, рече дека не му се јасни тврдењата на обвинетите дека Космос бил дивоградба и дека изградил еден кат помалку за катни гаражи, бидејќи како што рече, тој имал валидна градежна дозвола за објектот.

Во моментов има пауза од 15 минути по која како што најави судијата Огнен Ставрев, рочиштето ќе продолжи со изведување на материјални докази.

Се очекува да се слушаат т.н бомби кои ги објавуваше СДСМ, поврзани со уривањето на Космос.

 

Космос Миле Јанакиески Никола Груевски ТНТ Фијат Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.