Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА: Скендербег со 53 спорни меча, Динамо З. во ЛШ по местенка

0
By Нова ТВ on March 20, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 20, 2018 00:47

Тимот на Скендербег пред еден месец ја доби највисоката казна во фудбалската историја игра за лажирање на резултати. Сега, пак, „Гардијан“ објави тајни документи со шокантна содржина за матните игри на шесткратниот првак на Албанија. Во материјалот на етичкиот и дисциплински комитет при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) до кој дојде британскиот весник се наведуваат 53 сомнителни натпревари на популарните „снежни волци“ од Корча во периодот од ноември во 2010 година до април во 2016 година. Акцентот на инспекторите притоа бил ставен на четири средби во сезоната 2015/16 од кои две во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) и две во групната фаза во Лига Европа (ЛЕ).

Двата меча за пласман во шампионската Лига на УЕФА се реванши против Крусејдерс и против Динамо Загреб на „Максимир“. По триумфот над северноирскиот состав со 4:1 во првиот дуел, Скендербег имаше и 2:1 на гостувањето на Островот, но прими два гола во втората и во третата минута од судиското екстра време за конечни 3:2 за Крусејдерс. Пред да бидат постигнати, системот на УЕФА забележал „невидени примери на сомнително обложување во живо и минимум неколку стотици илјади долари“. Финишот на мечот беше сомнителен и за голманот на екипата од Белфаст.

„Ако УЕФА не го истражи ова, нешто не е во ред“, напиша Шон О’Нил на Твитер што беше земен и како доказен материјал во постапката.

Вториот спорен натпревар на Скендербег за ЛШ е против Динамо во Загреб. „Модрите“ го добија првиот меч во Албанија со 2:1, но возвратниот дуел на „Максимир“ падна во очи на УЕФА. Случувањата во завршницата, според извештајот, донесоа 15 милиони евра на обложувачите и обложувалниците. Хрватскиот состав имаше 3:1 и фудбалер помалку (беше исклучен Гонзало) по што почнал тренд на уплати на големи суми на пари на азискиот пазар дека албанскиот претставник до крај ќе прими и четврти гол што и се случи.

„Играчите на Скендербег доброволно престанаа да играат со цел да го искористат натпреварот во насока на обложување штом се укаже прилика. Очигледно беше оти тимот на Скендербег е единствен учесник во манипулациите со средбата“, е заклучок во материјалот на инспекторите кои како главни актери ги посочуваат голманот Оргеш Шеги и дефанзивецот Тефик Османи.

Двете спорни средби во фазата по групи во ЛЕ се против Спортинг во Лисабон и против Локомотив во Москва.

Обвинувањето за Скендербег е насловено како „обид со манипулација да обезбеди криминален профит од обложување“. УЕФА, се чини, е решена во намерата да застане во заштита на интегритетот на фудбалската игра иако нејзините инспектори се соочија со смртни закани по „протекување“ на извештајот во јавност.

Скендербег УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.