НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првите мали групни домови за деца во јуни годинава

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првото излегување деца од гломазни институции за згрижување и преминување во мали групни домови се очекува во јуни годинава, најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Со ова треба да започне процесот на трансформација на големите институции кои не можат да овозможат соодветна грижа за децата.

– Тие институции се отворени. Уште од моето доаѓање на функцијата зборувам за деинституционализација на овие гломазни установи, затоа што моделите на заштита во такви системи, што не ги почитуваат човековите права и не даваат однос еден на еден, не можат да дадат резултати во ресоцијализацијата, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање во врска со уште последниот случај кога од Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“ во полиција било пријавено дека едно девојче заминало од институцијата.

МТСП, рече таа, детално го истражило овој случај, како сите останати претходни случаи. Девојчето било постар малолетник, кое еднаш ја напуштило институцијата, било вратено и повторно пред неколку денови заминало.

– Тие деца се таму не заради тоа што немаат родители, туку заради акумулација на голем број социјални ризици и неможноста  училиштето и семејството да се справат со нив. Но, институцијата уште помалку има такви можности. Тоа го гарантирам, затоа што институциите се уривани изминатите години. Дополнителен проблем е што оваа оваа институција е правно поврзана со другата институција „25 Мај“, рече Царовска.

Додека заврши процесот на трансформација, Царовска истакна дека е ангажирано стручно лице кое, како што рече, има големо искуство во менаџирање на мали групни домови. Тој е во институцијата секојдневно со цел да ги зајакне капацитетите за протокол и заштита на децата, работи на осмислување програма за работа со деца, но, потенцира Царовска, работи со воспитувачите и стручни служби за да се подигне моралот и енергијата за работа во институцијата.

Проблемот со нефункционирањето на домовите за згрижување деца и младинци се актуелизира откако Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) објави случај на малолетничка која била сексуално злоставувана додека била под старателство на државата.

Утврдено беше дека претходниот старател знаел, но не презел ништо за заштита на девојчето. Министерството за труд и социјална политика поднесе кривични пријави против 11 лица од надлежните институции во врска со случајот со 13 годишната штитеничка на Домот „25 мај“ која додека е под старателство на државата подог временски период била жртва на силување.

Основното јавно обвинителство Велес, пак, постапува по предмет за кој веќе во јавноста беа објавени детали. МВР во понеделникот соопшти дека против едно лице веќе поднеле кривична пријава за полов напад врз дете, кое признало дека имало сексуални односи со 13-годишното девојче лани во ноември, кога во бессознание била однесена во општата болница во Велес.

групни домови деца згрижување трансфромација Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.