НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ поднесе иницијатива за работна собраниска група за случајот Алмир

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Пратениците од парламентарната група на ДУИ денеска во Собранието се сретнаа со семејството на малиот Алмир Алиу кој беше прегазен во 2016 година во Куманово и во согласност со родителот и адвокатот, иницираа формирање работна парламентарна група, каде ќе биде разгледан целиот случај, соопшија од ДУИ.
Адвокатот на семејството Алиу, Алиспаиќ рече дека очекува во овој процес ќе бидат избелени сите процедурални прекршувања и сите неправди направени од страна на Обвинителството.
Иницијативата за формирање на работната група е предадена и архивирана уште денеска, во иста форма како и работната група за случајот Сопот. Од ДУИ  бараат поддршка од сите партии, за како што велат, овој процес да не добие политичка, партиска или етничка насока.
Случајот Алмир  се најде во фокусот на јавноста, откако беше обелоденото дека делото за кое се суди Бобан Илиќ, кој го прегази чеиригодишниот Алмир по тепачката со роднините по банална расправија во Здравствениот дом во Куманово, беше преквалификувано од убиство, во дело против безбедноста во сообраќајот со смртни последици.
Министерот за правда Билен Саљији пред неколку дена  поднесе неотповиклива оставка, токму за овој случај.

Јавниот обвинител Јовески во интервју за Макфакс рече дека на негово барање се сретнал со родителите на Алмир Алиу, со цел да им каже дека нема никаква заднина во преквалификацијата на делото.

Тој вели дека го проучил предметот за прегазувањето на малиот Алмир и дека обвинението на обвинителот се заснова на факти и докази што му стојат на располагање.

Според Јовески, во конкретниот случај, врз основа на доказите и вештачењата во предметот, обвинителката која го застапува предметот утврдила дека во случајот нема умисла, односно дека доказите не го потврдуваат првичното обвинение за убиство со умисла.

Интервјуто на Јовески следеше откако четворица обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија во петокот минатата недела преку соопштение се изјаснија дека во случајот познат во јавноста за малиот Алмир сметаат дека „со преквалификација на кривичното дело Убиство предвидено во член 123 ст.2 т.3 од КЗ на РМ во кривично дело од областа на сообраќајот предвидено во член 300 ст.2 во вв со член 297 ст.1 од КЗ на РМ како тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е сторена повреда на основните начела за Законот за јавно обвинителство како што се начелото на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓаниниот кои воедно се и основни темелни вредности н Уставот на РМ“.

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески смета дека јавното обраќање на четворицата обвинители во врска со случајот со малиот Алмир е „непрофесионално и дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија“.

Се одржаа и три граѓански протести.  Последниот беше вчера на кој излегоа повеќе стотици граѓани пред Владата. Тие побараа оставки од Јовески и од други обвинители и судии.

-Овде сме да кажеме дека нема да го дозволиме тоа. Правда за Алмир мора да има. Бобан Илиќ изврши убиство. Обвинението мора да гласи според доказите, а не по нечии наметнати одлуки. Судската постапка мора да почне одново и неа да ја водат некорумпирани обвинители и судии надвор од Куманово-рече пред насобраните граѓани актерот и активист Висар Вишка, кој го предводеше протестот.

ДУИ Иницијатива работна собраниска група случај Алмир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.