Повеќе од 20 лица се повредени во синиќешните протести во Барселона поради одлуката на шпанскиот Врховен суд да издаде меѓународни потерници за Карлес Пучдемон и уште петмина приврзаници за независност на Каталонија.
Медицинска помош им била пружена на 24 лицам а во повеќето случаи, како што информираат од каталонската служба за итна помош, станува збор за модринки добиени за време на протестот.
Според полицијата во Барселона на протестот учестувале 10 илјади луѓе. Демонстрантите бараат и ослободување на притворените политичари на Каталонија.
Врховниот суд на Шпанија вчера одлучи да издаде меѓународни и европски налози за апсење на шестмина каталонски лидери, меѓу кои и за поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон.
Судот, кој го испитува случајот за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија, одлучи да ги реактивира европските налози за апсење против Пучдемон и петмина поранешни министри кои живеат во егзил во Белгија. Шпанскиот врховен суд, исто така, бара да се издаде меѓународна потерница и попретседателката на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) Марта Ровира, која вчера одби да се појави пред суд и покрај тоа што била повикана и која, според шпанските медиуми, се наоѓа во Швајцарија.
Шпанската полиција по налог на Врховниот суд на Шпанија вчера приведе уште петмина каталонски сепаратистички лидери, меѓу кои и кандидатот за претседател на регионалната Влада на Каталонија, Жорди Турул.
Во налогот на Судот се нагласува дека тие треба да бидат задржани во притвор се додека трае истрага против нив за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.
Обвиненија за бунт, злоупотреби на функциите и непочитување на институциите на шпанската држава се покренати против вкупно 25 каталонски регионални лидери, меѓу кои се и петмината приведени.
По вчерашното приведување, Турул не ќе може да присуствува на денешната дебата во каталонскиот Парламент посветена на неговиот избор за претседател на регионалната Влада.
Покрај Турул, меѓу приведените каталонски лидери е и поранешната претседателка на Парламентот во Барселона, Карме Форкадел и тројца екс-министри во регионалната Влада на Каталонија.
Согласно шпанските закони, обвинението за бунт предвидува казна до 30 години затвор.