Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуроникел: Инвестирани над 60 милиони евра за рестартирање на „Фени“

0
By Нова ТВ on March 24, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 24, 2018 14:53

Компанијата Еуроникел денеска преку соопштение информира дека досега се инвестирани над 60 милиони евра во рестартирање на “Фени индустри ” и откуп на побарувањата кон оваа компанија, со план за дополнителни инвестиции во наредните недели.

Производството на фероникел, велат оттаму, беше обновено на почетокот на март, а вработените, транспортерите и другите добавувачи се вратија на редовните активности.

„По објавата минатата недела, пристапивме кон комерцијални разговори со необезбедените доверители чии побарувања беа утврдени во стечајната постапка на „Фени”. Повеќе од 80 проценти од вкупниот број необезбедени доверители одговорија позитивно и досега се потпишани договори со поголемиот дел од нив. Првите исплати по потпишаните договори беа направени минатиот четврток и петок, а процесот ќе продолжи од понеделник следната недела“, соопштија од компанијата.

Додаваат дека покрај необезбедените доверители, завршило и преземањето на побарувањата на трите локални банки кон “Фени”, по што било поднесено официјално известување до судот во Велес дека тие побарувања се преземени и се потврдила намерата за поднесување план за реорганизација.

Од компанијата ги охрабруваат сите останати доверители кои се уште не ги контактирале и не започнале преговори, да стапат во контакт со правните советници, адвокатското друштво Поленак, за преземање следни чекори.

„Ние сме големи оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите и брзината со која ги започнуваме позитивните промени во „Фени”. Секоја од овие промени значи чекор напред кон сигурна, продуктивна и профитабилна иднина за комбинатот и колку побрзо ги поместиме активностите на „Фени” надвор од стечајната постапка, ќе можеме да се посветиме кон засилено производство и пласман на производите на фероникел на европскиот и светскиот пазар. Плаќањето на утврдените обезбедени и необезбедени доверители е еден од клучните чекори во таа насока“, рекол Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на Еуроникел, по неговата посета на Скопје, стои во соопштението.

 

 

доверители Еуроникел инвестиции побарувања рестартирање Фени Индустри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.