НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Катимерини“: Патот до решение може да биде долг

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високи извори од грчкото Министерство за надворешни работи за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае. Весникот, коментира дека ова се должи и на внатрешните случувања во двете земји во изминатиот период.

„Високи извори од Министерството за надворешни работи рекоа дека патот до решение може уште долго да трае. На почетокот постоеше оптимизам дека периодот до Велигден може да доведе до конечен договор, што едноставно ќе се ратификуваше во април или мај, на начин на кој ќе одбереше секоја страна. ПЈРМ сигурно со референдум. Меѓутоа, во пракса разликите се покажаа многу посериозни од тоа што беа оценети на почетокот, не толку многу поради дипломатското растојание, туку поради сериозните политички пречки со кои што се соочуваа и двете влади во претходните месеци“, пишува „Катимерини“.

Новинарот, коментирајќи ги средбите на Никос Коѕијас во Скопје, додава дека ваков вид дипломатско раздвижување меѓу Атина и Скопје последен пат е забележан во 1995, со потпишување на Времената спогодба.

Медиумите во Грција, коментираат дека сега сите погледи се насочени кон Виена и средбата во петок на двајцата шефови на дипломатиите со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, каде што, според „Катимерини“, ќе се процени напредокот во преговорите.

„По новото претставување на позициите, на 29 и 30 март под покровителство на ОН, не се очекуваат нови случувања пред Велигден, туку потоа, а можеби и многу подоцна“, пишува грчкиот весник.

Медиумите и натаму пишуваат дека постојат одредени точки на несогласување во преговорите меѓу двете страни, како што се прашањата поврзани со Уставот, идентитетот, но и обликот на името. Атина и натаму инсистира на уставни промени, за името да биде и за внатрешна и за надворешна употреба, но посакува договорот да е со непреведено име.

„Обликот на новото име и можноста за превод на други јазици (особено на официјалните јазици во ОН) се чини дека се претвори во „трн“ во преговорите меѓу Грција и ПЈРМ, како што произлезе од прес конференцијата на Никос Коѕијас и Никола Димитров“, пишува „То вима“ и коментира дека ова значи дека „за Скопје претставува сериозен проблем да прифати непреведено име, нешто кон што Атина јавно има кажано дека се стреми“.

Заев Катимерини Коѕијас Нимиц посета преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.