Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинескиот претседател приреди прием за Ким Јонг Ун

0
By Нова ТВ on March 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 28, 2018 08:44

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг ун престојувал во посета на Кина од неделата до денес, што е прва посета во странство од 2011 година кога тој дојде на власт, потврдија кинеските медиуми, кои објавија дека Ким се сретнал со кинескиот претседател Си Џинпинг.

На состанокот, како што се објавува, изразена била подготвеност на претстојниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп да се заложи за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Ким, кој во Кина е дочекан со голема помпа, изјавил дека е подготвен за денуклеаризација во согласност со волјата на бившите севернокорејски лидери, објави агенцијата Ксинхуа.

Кинеските медиуми пренесоа видео материјали на Ким и Си, кој приредил прием за лидерот на Северна Кореја и за неговата сопруга. Ким изјавил дека посетата на Кина била негова задача.

Кинескиот претседател прифатил да го посети Пјонгјанг.

Посетата на Ким на Кина претставува враќање на кинеската дипломатија во прв план во решавае на нуклеарното прашање на Северна Кореја, која спроведе неколку нукеларни и балистички проби, поради што и се воведени меѓународни санкции.

Засега не се знае кога би се одржала најавената средба на Ким и Трамп, освен претходните најави дека тоа би требало да се случи до крајот на мај.

Ким од доаѓањето на власт во 2011 година не бил во посета во странство. Јапонските медиуми први ја пренесоа веста за можната посета на Кина.

Агенцијата Кјодо во вторникот објави дека специјалниот севернокорејски воз кој личи на оној што го користел Ким Јонг Ил за патувања во странство, се наоѓа на на железничката станица во Пекинг и дека на самото место се наоѓа невообичаен број на припадници на кинеските безбедносни сили.

Белата куќа соопшти дека кинеската Влада го контактирала Вашингтон за да ги извести американските претставници за посетата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на Пекинг.

– Брифингот вклучуваше и лична порака на претседателот Си до претседателот Трамп, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Но, таа не наведе детали од пораката.

– САД се во контакт со Јужна Кореја и со Јапонија и најновиот развој на настани се набљудува како уште еден доказ дека нашата кампања за максимален пристисок создава соодветна клима за дијалог со Северна Кореја, посочи Сандерс.

Ким Јонг-ун Кина Пекинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.