Изминатите месеци, ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на оваа седница, бидејќи, не учествуваа во работата на Законодавниот дом.
Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев вели дека тие ниту денеска нема да присуствуваат на седницата.
Како што потврдија за НОВА од опозициската партија, партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратеничката група до крајот на оваа недела ќе одлучат дали пратениците на опозицијата ќе се вратат во Собранието, по одлуката на Врховниот суд со која повеќе ниту еден пратеник не е во затворски притвор.
Другиот услов, велат во ВМРО ДПМНЕ, е политичкиот- односно да се создададе демократски амбиент што ќе значи и вклученост на опозицијата во изготвувањето на реформските закони. Според информации на НОВА, разговорите меѓу претставници на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ се уште не се завршени, но има усогласувања за дел од сетот закони за кои се дебатира како што се: Законот за прислушување и ОТА- Оперативната техничка агенција, Законот за политички партии, Законот за заштита на сведоци.