Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи за „мртва“ програмата ДАКА која ги штити мигрантите кои во САД дошле нелегално како деца и изврши притисок врз Конгресот под итно да го узвои законот за обезбедување на границите со Мексико.
-ДАКА е мртва бидејќи на демократите не им беше грижа, ниту реагираа, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека сега сите сакаат да ги искористат поволностите на таа програма.
Трамп уште во септември изјави дека ќе ја укине оваа програма, но на Конгресот, кој е под контрола на демократите, му даде рок до 6 март да најде замена за оваа програма.
Конгресот во тој рок не се изјасни, но американските судови донесоа пресуди дека програмата засега може да остане на сила.
Во друг пост на Твитер, Трамп истакнува дека Конгресот мора „под итно да усвои закон за граница, и ако е потребно и да употреби „нуклеарна опција“ за да се запре масовниот наплив на наркотици и луѓе.
-Конгресот мора да реагира веднаш, нашата земја ја крадат, напиша Трамп.
Трамп исто така повторно го повика Мексико да запре влез во САД, откако во неделата изјави дека ќе ја поништи трговската спогодба со Мексико доколку властите не направат ништо да ја обезбедат границата со САД.
САД во овој период преговараат за спогодба за слободна трговија со Мексико и со Канада.
Трамп минатата година стави крај на програмата ДАКА што е усвоена во време на неговиот претходник Барак Обама, но феделаниот судија му наложи на Трамп да продолжи со издавање дозволи.
Ниту по повеќемесечни преговори межу Белата куќа и претставници од обете страни не е постината спогодба за заштита на оние кои се опфатени со програмата.
Се работи за програма за заштита на малолетници странци кои илегално влегле во САД пред да имаат 16 години, на кои прво им се издава привремена дозвола за престој и дозвола за работа, а потоа се разгледува издавање на дозвола за постојан престој доколку задоволат одредени стандарди.