НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јане Ченто вратен во Шутка – не се придржувал до куќниот притвор

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
Фото DW
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јане Ченто, еден од обвинетите за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, утрово бил приведен од својот дом во Прилеп, каде издржуваше мерка притвор и префрлен во истражниот затвор „Скопје“, во Шуто Оризари.

Од Кривичниот суд во Скопје за НОВА потврдија дека на Ченто му е заменета мерката куќен со затворски притвор и е префрлен во Шутка.

Оттаму информираат дека Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 добил известување од МВР дека осомничениот не се придржувал до мерката куќен притвор и затоа е сменето решението од куќен притвор во притвор.

Инаку, Ченто еднаш веќе беше во истражниот затвор во Шутка, но по одлука на Апелацискиот суд мерката му беше заменета со куќен притвор и му беше одземен пасошот.

Според обвинението што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција минатата недела го поднесе во судот, Ченто на 27 април, лани добил повик од Александар Василевски – Нинџа и заедно со осомничените Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски го мобилизирале членството за упад во Собранието.

Јане Ченто инаку е претседател на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп.

Кривичниот суд минатата недела, по поднесувањето на обвинението за 27 април, во притвор во Шутка ги врати, екс министерот за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков,  Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров, Оливер Поповски и Митко Пешов од МВР.

Објаснувањето на судот за враќањето на Чавков во притвор беше дека полициска екипа на 27 ми март извршила две контроли во неговиот дом каде тој според решението на Врховниот суд требало да ја издржува мерката куќен притвор, но не го нашле таму. Ова Кривичниот суд го зел во предвид кога одлучувал по барањето на обвинителството за одредување на мерката притвор на Чавков по поднесеното обвинение истиот ден.

Следниот ден во Шутка беше спроведен и Никола Митревски – Кољо, исто така обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април, откако сам се пријави во полициската станица „Кисела Вода“, по неколкумесечно бегство.

27.април Јане Ченто Кривичен суд куќен притвор притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.