НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со аванс од ФЗО ќе се одблокира сметката на Гинекологија

0
By Нова ТВ on April 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе биде одблокирана со средства што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ова е договорено на денешниот состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Авансот е онолку колку што е сумата за блокираната сметка, но, како што посочи, не станува збор за средства кои се скратени од некаде туку, за дополнителна сума пари.

– Ќе се обезбеди дополнитена сума пари во форма на аванс. Таа сума ќе биде достапна за Клиниката за гинекологија во текот на денешниот ден или евентуално заради близината на празниците во текот на наредната недела во вторник. Проблемот е решен и сметката ќе биде ослободена за нормално функционирање на клиниката, рече Филипче пред денешната конференција за за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство.

Тој не очекува наскоро да дојде до ново блокирање на сметката на Клиниката, иако има уште постапки кои се водат за истата проблематика заради која сметката на Гинекологија беше блокирана.

Вели дека работата и нормалното функционирање на клиниката не се загрозени, ниту платите на вработените.

Како што вчера објави НОВА, сметката на Клиниката за гинекологија е блокирана за 410 000 евра кои установата морала да ги исплати по основ на тужбени барања од семејства кои во 2008 година ја тужеле клиниката. Станува збор за тужби поради дијагноза, ретинопатија која не била навреме откриена кај нивните бебиња поради што децата останале со трајно слепило. Овие тужби се од периодот кога на Гинекологија немаше протокол според кој очни лекари треба да доаѓаат и да ги прегледуваат предвреме родените бебиња. Многу деца настрадаа во период од тие неколку  години.

Гинекологија сметка ФЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.