Главната расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, е одложена за 14 мај.
Денешното рочиште во Кривичниот суд не се одржа бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.
И претходните две рочишта не се одржаа од истите причини. Одбраната на едно од претходните рочишта најави дека Латас ќе биде отсутен до мај.
Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки.