НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што донесе охридската средба: Најтешките теми остануваат

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Временската рамка и чекорите како да се имплеменира евентуалниот договор за спорот со името кој го има Грција со Република Македонија се новите моменти во преговорите кои вчера ги продолжија министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид.

Двајцата се согласија дека е постигнат напредок за дел од прашањата кои се веќе созреани, како и дека за дел се уште постојат разлики.

– Разговаравме без надмудрување, со разбирање на потребите на другиот. Како да ги ставиме настрана главните грижи на двете страни, рече шефот на македонската дипломатија.

Во рамките на вчерашните преговори се одржа и средба на работните групи на двете министерства, на ниво на високи дипломати, кои врз основа на напредокот од разговорте во Виена го усогласуваат текстот за идната соработка во различни области. Дипломатите работат и на текст за спречување на иреднетизмот од двете страни и на делови од преамбулата на евентуалниот договор.

Коѕијас потврди дека е направен напредок и на ниво на министри и на ниво на работни групи.

– Има напредок. Остануваат помалку теми за решавање, но тоа се најтешките. Денеска направивме позитивен чекор и се надеваме дека ќе направиме тешките проблеми да станат полесни. Се обидуваме да решаваме проблеми предизвикани во минатото и од други, рече Коѕијас.

Мислењето во Грција

Според лидерот на грчка опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, уставна ревизија, справување со иредентизмот и прашањата поврзани со идентитетот, се предусловите за постигнување договор.

На прес-конференција со странските дописници во Грција, Мицотакис ги повтори неговите позиции и упати остри критики до грчката Влада дека нема единствена и заедничка позиција поради ставот на Панос Каменос.

– Јавно ја имам поставено рамката за еден можен договор. Се однесува на уставна ревизија како неопходен предуслов за да постои каков било договор, справување со прашањата со иредентизмот и националниот идентитет, како неопходен услов за да постои договор и да започне интегративниот процес на Скопје во евро-атлантските институции. Ова е мојата позиција што е многу јасна, рече Мицотакис.

Димитров и Коѕијас за вчерашните разговори ќе ги информираат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Најавија дека процесот продолжува и оти ќе имаат можност повторно да се сретнат на 3 и 4 мај во Солун, а потоа и на 11 и 12 мај.

Димитров Коѕијас Охрид средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.