Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 18 години: Ослободени обвинетите за убиството на тројцата полицајци

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Академик.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 13, 2018 10:53

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и Агим Асани.

Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците Петрушевски, Ангеловски и Готак.

По денешната ослободителна пресуда Лирим Динарица пред зградата на судот изјави дека во нивна одбрана имало 100-тина сведоци кои изјавиле дека тие немале ништо со случајот што им се ставал на товар.

-Жално  е што во нашата Република Македонија, морам ова да го кажам,  во затворите лежат невини луѓе. И не само во овој случај. Минавме 18 години тортура и малтретирања низ овие судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било, изјави Динарица.

Тројното убиство се случи на 11 јануари 2000 година,  на влезот во Арачиново.

Шестмината обвиенти во досегашната судска постапка еднаш веќе добија ослободителни пресуди поради немање докази, но Апелациониот суд по жалба на Обвинителството ја укина првостепената пресуда и постапката ја врати од почеток.

На повторената постапка, Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт и за уште едно лице, Емрула Емрулај, а постапката беше запрена за Агим Асани кој беше убиен пред Стоковната куќа „Илинден” во февруари 2007.

Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили. Тројцата полицајци беа изрешетани од автоматско оружје.

Првообвинетиот Динарица во истражна постапка го признал делото и во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека признанието во истрагата го дал под присила.

Судскиот процес на почетокот се одвиваше под силно полициско обезбедување. Сега обвинетите се бранат од слобода. Во текот на овие неколку години се променија неколкумина судии кои го работат предметот.

Арачиново Кривичен обвинети ослободени полицајци пресуда убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.