Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД не заминуваат од Сирија додека не остварат три цели

0
By Нова ТВ on April 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 15, 2018 17:19

САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втора – целоно да биде поразена групата Исламска држава и трета – да се создаде добра позиција за следење на активностите на Иран.

– Наша цел е американските сили да се вратат дома, но нема да си заминеме се додека не бидеми сигурни дека сме ги оставриле овие три работи, изјави Хејли во интервју за телевизијата Фокс.

24 часа по нападите, Франција, САД и Велика Британија во Советот за безбедност на ОН претставија нацрт резолуција за Сирија во која е вклучено формирање нов механизам за истраги за употреба на хемиско оружје, јави АФП повикувајќи се на дипломатски извори. Преговорите за текстот, редактиран од Франција почнуваат утре. Датум за гласање не е наведен со цел „Париз да даде време за вистински преговори“, наведува изворот.

За првпат во СБ на ОН се предлага текст во кој се обединети три аспекти на проблемот – политички, хуманитарен и хемиски. Целта не е да се промени управувањето со државата туку да се покаже дека западната воена интервенција во Сирија „и служи на политичката стратегија“, нагласува дипломатот.

Евентуални нови ракетни напади врз Сирија би предизвикале хаос во меѓународните односи, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот ирански колега Хасан Рохани.

Како што соопшти Кремљ, Путин и Рохани размениле мислења за состојбата во Сирија по вчерашните напади на САД, Велика Британија и Франција врз објекти на сириските власти, како и за „вкупната ситуација на Блискиот Исток, случувањата во Јемен и за понатамошниот развој на руско-иранската соработка и зајакнување на меѓусебните врски во трговско-економската сфера“.

Во соопштението се нагласува дека двајцата лидери се согласиле оти вчерашната „илегалната акција“ на трите западни земји има негативно влијание врз шансите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија.

– Владимир Путин посебно нагласи дека ако продолжат таквите акции, со кои се крши Повелбата на ОН. неизбежно ќе биде предизвикан хаос во меѓунардоните односи, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека Лондон заедно со сојузниците ќе ги разгледа сите опции, ако сирискиот претседател Башар ал Асад повторно употреби хемиско оружје против своите граѓани во Сирија.

– Сепак, за сега ништо не е планирано, посочи Џонсон.

Тој истакна дека ја поддржува одлуката на британската премиерка Тереза Меј, заедно со САД и Франција  да учествува во нападите на хемиските постројки во Сирија и оти тоа е исправна работа, со цел да се спречи понатамошна употреба на хемиско оружје.

– Не постои ниту еден предлог на маса во овој момент за понатамошни напади, бидејќи до сега, фала на господ, режимот на Асад не е толку луд да преземе уште еден напад со хемиско оружје, наведе Џонсон.

Тој одговарајќи на прашањето зошто Парламентот не е бил консултиран пред нападот врз Сирија истакна оти тоа било поради безбедноста на британските војници, како и поради ефикасноста и брзината на операцијата.

– Постојат многу преседани во тоа, наведе Џонсон.

САД, Велика Британија и Франција вчера истрелаа над сто ракети врз цели во Сирија, како како одговор на наводниот минатонеделен напад со хемиско оружје во Дума, при што загинаа најмалку 40 луѓе.

САД Сирија Хејли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.